(ВИДЕО) Николоски: Заев не дојде на судење со мене, избега пак

Од:

„Навистина долго рочиште мислам дека немаше потреба имајќи в предвид дека завршните зборови ги имавме написмено, но еве благодарам на вниманието. Се надевам дека неискуството нема да влијае на одлуката во овој предмет, имајќи предвид дека се промени судија. Досега се водеше коректно се надевам дека и така ќе остане“, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас сум апсолутно убеден дека Зоран Заев не може да го добие овој спор против мене во тужбата за клевета. Всушност најдобар доказ за тоа е што повторно не се појави на рочиштето. Да ја потсетам јавноста дека тој ме тужи мене, а не го тужам јас него. И тој не се појавува на рочиштата на кои што ме тужи мене.

Ве заморуваме вас, ја заморуваме јавноста со банални работи, со работи кои се добро познати на македонската јавноста, за коишто всушност суд даде и народот на изборите кои се одржаа во неделата на 31 октомври, така што самото негово непојавување во судот доволно говори за топа на чија страна е вистината. А, вистината е јасна и едноставна, тоа е дека во Македонија имаше рекет, дека предмет на рекет беа повеќе од еден бизнисмен, дека беа изрекетирани многу средства, дека имаше јасна пирамида и јасно е кој беше на врвот на таа пирамида“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека очекува судот да донесе пресуда во негова корист.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Николоски: 23 нови линии, целта е над 4 милиони патници

Горан Наумовски

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика

А1он

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски