(ВИДЕО) Николоски: Заев наместо да се извини, тој навлегува подлабоко и ги руши позициите на Македонија

Од:

„Срамот на Зоран Заев да не дозволиме да стане колективен срам. Два дена по скандалозното интервју, наместо Зоран Заев да се извини, и да повлeче од изјавите претставуваат удар темелите на македонската држава и самобитноста на македонскиот народ тој уште подлабоко навлегува во небулози, навреди кон својот народ, историски мисинтерпретации и драматично ги руши позициите на сопствената држава и народ.

Заев е изолиран во намерата да го избрише македонскиот национален идентитет, да се откаже од историјата, а со тоа да нанесе штети на државата кои ќе имаат далекусежни последици кои што значат македонската држава да нема право да се темели на илинденското и антифашистичко наследство, тоа е она што го прави Зоран Заев овие денови“, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти кои се вистинските ослободители, Заев ги става на другата страна, а добро знаеме дека антифашистичката борба се темелеше на илинденската борба, добро знаеме дека антифашистичката борба е продолжување на сонот на илинденците и со ова што Зоран Заев ја укинува и македонската државност, како и традицијата на народноослобителните борби од илинденскиот период и антифашистичкиот период, спротивно и на Уставот на Република Македонија.

Зошто го прави Зоран Заев ова? За фотелја, за власт и бизнис интереси,за своите фирми во Македонија, но и за своите фирми во Бугарија. Ова го прави за голо останување на власт и уште малку финансиска корист и интерес за него и неговите блиски, тоа тажната вистина.

Несогледливи се последиците од неговите ставови во понатамошните разговори.Ова што го прави е целосно рушење на позициите на Република Македонија на трајна основа, ова што го прави значи целосно рушење на било каква преговарачка позиција на Република Македонија во иднина.

И затоа ден поскоро, час поскоро да си поднесе оставка и да си замине. Зоран Заев треба да си даде оставка и да замине. ВМРО-ДПМНЕ по завршуивањето на 100-те од доаѓањето на Владата ќе покрене прашање за доверба на Владата во Собранието на Република Македонија. И очекуваме Владат да не ја добие довербата, односно најмалку 61 пратеник да изгласаат недоверба на Владата на Зоран Заев.

Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат против овој национален срам и национално понижување. Само со оставка на Зоран Заев и изгласување недоверба на Владата која тој ја води ќе има шанса да се подобрат македонските преговарачки позиции а исто така и да се врати македонското национално достоинство.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во одбрана на националните интереси. Денеска ќе бидеме низ Македонија. Во 18:00 часот под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ ги повикуваме сите граѓани да се соберат во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.

Заедно, сплотени, обединети без разлика на партиска или политичка припадност да ја одбраниме Република Македонија, да ја одбраниме самобитноста на македонскиот народ, на македонскиот јазик, на македонската историја и македонското наследство.

Ве повикувам сите да излезете и да не подржите!“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Има неформална коалиција СДС-ДУИ-Левица, тие гласаа точки за бетонизација и бизниси во Скопје и Карпош

Ана Ололовска

Мицкоски: Ако власта смета дека формулата за успех за уставни измени е по примерот на Хрватска, ВМРО-ДПМНЕ одма тоа ќе го прифати

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Убиства и тешки грабежи, во еден ден во Скопје, Спасовски ја претвори Македонија во Колумбија од 90-те

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Лицето кое јавно се заканува по животот на Мицкоски и неговите деца е поддржувач на Ковачевски, а добил благодарница од Пендаровски

Ана Ололовска

Стоилковски: Петровска сама го нарачала извештајот за психичката состојба, доколку е вистинит треба да си поднесе оставка

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДС и ДУИ косење трева 1,5 милиони евра поскапо од лани