(ВИДЕО) Николоски: Заев е готов, минато, сега да се обединиме за обнова на Македонија

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска во Автокоманда, рече дека од граѓаните собираат идеи и предлози за новата програма која што ја подготвуваат за сега веќе извесните предвремени парламентарни избори.

– Она што вчера Зоран Заев го кажа, практично го призна тоа што сите го знаат, а тоа е дека е готов, дека е историја, дека е минато и дека останува на најцрните страници на македонската историја. Со него е завршено. А, сега треба да видиме и да се обединиме за обнова на Македонија, затоа што граѓаните заслужуваат прво да им го вратиме достоинството, потоа економски да ја обновиме, и да живеат поубаво и посперитетно тука во Македонија, рече Николоски.

Во однос на лидерската средба Николоски вели дека очекуваат да видат кој ќе биде дневниот ред предложен од Стево Пендаровски.

– Сакаме и ќе разговараме за предвремени парламентарни избори. Тие мора да се случат. Бегање од нив нема. Зоран Заев до пред неколку дена бегаше. После фијаското кое што му се случи и силниот притисок којшто ние го направивме вчера се согласи на предвремени парламентарни избори. Ако до денес не се премисли, тогаш да се договориме технички за истите. Ако се премисли ќе направиме силен притисок за предвремени парламентарни избори да се случат. Во однос на очекувањата многу едноставно е Република Македонија има изборен законик и има Устав, треба двата да се испочитуваат и да одиме на избори. Тоа што Зоран Заев го имаше на претходните избори, сега треба да го има ВМРО-ДПМНЕ и да одиме на едни чисти, фер и демократски избори, искоментира Николоски на новинарското прашање што ќе побараат како партија на денешната лидерска средба.

– Датумот за избори е нешто што претпоставувам ќе се договара попладне на лидерската средба. Би било по мене претенциозно сега да говорам за тоа, но кажав треба да се испочитуваат Уставот и законите во Македонија и да одиме на чисти, фер и демократски избори, додаде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски