(ВИДЕО) Николоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи целосна дигитализација на македонското општество за период од четири години

Од:

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на изборна единица 4, денеска ги посети Струмица и струмичко, имаме една навистина интензивна агенда.

-Од утрово стартувавме, во текот на попладневните часови ќе имаме средба со граѓани во централното градско подрачје на Струмица како и во околните населби, ќе одиме во Банско, ќе одиме во Куклиш, вечерта ќе ја завршиме со една трибина посветена на меѓународната политика заедно со младите луѓе тука од Струмица. Причината зошто се наоѓаме токму во оваа населба Цветан Димов е затоа што сакаме да потенцираме на кој начин за жал градот не се развива, имаме други ветувања во изминатиот период, многу луѓе ни се пожалија дека инфраструктурно не им се решени проблемите, дека се уште нема донесено детален урбанистички план, ниту се соодветно решени инфраструктурните прашања како што е изградба на улици, канализации, одвод…, рече Николовски.

Тој апелираше, тоа да се реши во следниот период, а, како што рече, ќе се заложи владата на ВМРО-ДПМНЕ после 15 јули во соработка со општината тука за овие прашања да бидат надминати.

-За мене најзначајниот, најбитниот проект кој што ќе го обележи четири годишниот мандат 2020 – 2024 година е целосна дигитализација на македонското општество кое што треба да овозможи неколку работи. Прво силен удар на корупцијата затоа што преку 500 услуги кои во моментот се добиваат од разни државни институции и зависат од човечки фактор ќе бидат целосно дигитализирани за да се тргне човечкиот фактор од истите и да нема дискреционо одлучување на било кого, рече тој.

Најави комплетна дигитализација на основното и средното образование, со цел младите, новите генерации да фатат чекор со најмодерните светски држави и да можат да бидат конкурентни на европскиот и на светскиот пазар.

-Ќе стимулираме и помагаме доедукација и дообука за сите млади кои што ќе сакаат да се пренасочат во овој сектор, обуките ќе бидат бесплатни, односно ќе ги плаќа државата се со цел да имаме што поконкурентен број на млади луѓе кои што можат да се занимаваат со оваа работа. И втората работа исклучителна значајна поврзана со екологијата. За жал Струмица е еден од најзагадените градови во Македонија. Тоа е така од неколку причини, прво од начинот на греење на огрев, и второ начинот на загревање на оранжериите тука во струмичко, за жал се користи огромна дрвна маса а дрвата се најголем производител на ПМ 5 и ПМ10 честички, рече тој.

Николовски најави дека се планира спроведување масовни проекти во екологијата конкретно тука во Струмица и струмичко, овозможување на топла вода, односно топла вода да стигне до секоја нива и до секоја оранжерија каде што за таа работа има можност.

-Понатаму секоја година 20 милиони евра, за четири години 80 милиони евра во делот на наводнување каде што ќе се возобноват постојни каналски мрежи, ќе се изградат нови каналски мрежи и ќе се градат акумулации и таа вода ќе може дел да се користи за наводнување, но дел исто така ќе може да се користи и за загревање во комбинација со сончевата енергија, рече Николовски.

Третата работа, рече, целосна гасификација вклучително и најбитно и за струмичкото поле за истата да се одбегне греењето со дрво и Струмица да е далеку почиста и помалку загадена од ова што е сега.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот