(ВИДЕО) Николоски: ВМРО-ДПМНЕ е за кратење на даноци за да може бизнисите да се развиваат

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Прилеп, истакна дека власта која го испразни буџетот заради криминал и погрешни политики сега удира по граѓаните и претпријатијата со повисоки даноци и потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ не само што е против зголемени даноци, туку е и за намалување на постојните.

Николоски нагласи дека зголемувањето на даноците е дополнителен удар имајќи предвид дека доаѓа грејна сезона, цените на енергенсите растат, а власта ништо не презема.

– Тоа е лоша работа, некако се избегнува темата што ќе се случува во Македонија во есента и зимата, кои ќе дојдат побрзо од што мислиме. Грејна сезона почнува некаде за два месеци од денес. Ситуацијата е катастрофална, цените на енергенсите одат високо и ништо не се прави од страна на власта да се ублажи тој удар. Дополнително затоа што буџетот е празен заради лоши економски политики и заради криминал и корупција, го прават најлошото можно, а тоа е да се удри по џебот на граѓаните и на претпријатијата, односно да се зголемат даноците, изјави Николоски.

Николоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е против тоа и дека бизнисот треба има ниски даноци за да може да се развива и да отвора нови работни места.

– ВМРО-ДПМНЕ е за ниски даноци и не само што е против зголемување на даноци, туку е и за кратење на постојните даноци затоа што сметаме дека најдобар начин да се развива бизнисот е да му се остави слобода, рамен терен за игра и да има ниско оданочување како би можеле средствата да се употребуваат за развој за нови производи и за нови работни места, рече Николоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”