(ВИДЕО) Николоски: На власта не и се допаѓа постоењето на ВМРО-ДПМНЕ и затоа утрово бевме спречени да положиме венец на Споменикот Македониум

Од:

Илинден е симбол за создавање на македонската држава. Но исто така Илинден е порака дека треба да ја зачуваме Република Македонија, да ја зачуваме во овие денови кога е нападната, кога е обезличена, кога е понижена, кога е економски опустошена. Да ја зачуваме и да ја градиме Македонија, затоа што луѓето кои ги положи животите овде во 1903 година, ги положија за една поубав иднина и за македонската држава, а не за она што го гледаме денес, се обрати Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, по повод државниот празник 2ри Август – Илинден на Мечкин Камен во Крушево.

„Во исто време сакам да истакнам дека почитувајќи го големиот национален празник делегација голема на ВМРО-ДПМНЕ како што гледате позади мене е тука да оддаде почит, но очигледно на власта не и се допаѓа постоењето на ВМРО-ДПМНЕ и затоа утрово бевме спречени да положиме венец на Споменикот Македониум на гробот на Никола Карев а исто така ни беше оневозможено да се упатиме и кон Слива и моравме во приватна организација да одиме на двете места.“, додаде Николоски.

„Доаѓајќи овдека очигледно од организирани партиски луѓе исто така не бевме удостоени со соодветен пречек и прв пат се наруши традицијата која што секогаш била, а тоа е опозицијата да е во првиот ред на прославувањето на Илинден.“, објасни Николоски.

Тој додаде дека тоа покажува дека на Заев, на СДСМ и на оваа власт им смета постоењето на ВМРО-ДПМНЕ. Но, ВМРО-ДПМНЕ ќе постои затоа што тоа не му смета на македонскиот народ. Ние сме тука и ќе бидеме секогаш тука за Илинден. Затоа што Илинден е Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела