Носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Шестата изборна единица, Фаница Николоска денеска ги повика граѓаните да гласаат на 15 јули и да изберат иднина.
– За само три години ви покажавме и ви докажавме дека сме чесни, работливи и успешни. Со крената глава и чист образ го бараме вашиот глас. Само вашиот глас е единствениот начин да го испратиме ДПМНЕ со неговите сателити на единственото место на кое припаѓаат – темната страна на македонската историја, вели Николоска во видео обраќање.
Осврнувајќи се на времето кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, Николоска посочува дека во тој период осмислено се сопрени евроатланските интеграции и оти според податоците на светските финансиски институции во тој период од државата се изнесени над седум милијарди евра.
– Тоа е повеќе од четири илјади евра од секој жител, или над 15 илјади евра од секое четиричлено семејство. Со притисоци и уцени им ги одзедоа на сопствениците најголемите приватни фирми, ја приватизираа и партизираа државата. Да не заборавиме дека без партиска книшка и списоци на сигурни гласачи беше невозможно де се вработите, да напредувате, академски да се образувате, вели Николоска.
Додада дека режимот е сè уште присутен во институции на судството и во администрацијата и затоа, според неа, е потребно граѓаните да го дадат гласот за иднината.