ВИДЕО: Никола Груевски се сретна со Јоханес Хан

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски (20-ти ноември 2017-та година) заедно со членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и Александар Николоски оствари средба со Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

На средбата соговорниците разговараа за повеќе актуелни теми поврзани со внатрешните политички случувања како и исполнување на стратешките интереси на Република Македонија.

Груевски посочи дека локалните избори кои поминаа беа едни од најлошо организираните, каде се случија бројни неправилности, случаи за поткуп бугарски возови, недостаток на гласачки ливчиња, притисоци, уцени и закани, па се до поднесување на кривични пријави врз градоначалници без правна основа-политички мотивирани, убиство на носител на советничка листа, пукнат череп на градоначалник и други бројни сериозни нарушувања.

Беше посочено дека дел од полицијата беше активен партнер во заплашувањата врз граѓаните, притисоци врз администрацијата и организирањето на криминалните избори. Изборите на кои се случи убиство, насилство, закани и поткуп е криминал и е нешто што не доликува и се коси со вредностите на земја аспирант за Европската Унија, истакна ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски истакна дека загрижува нивото на политички притисок кој се гради врз судството во Република Македонија што влијае на создавање на атмосфера на страв кај судиите и судските власти и која што се пресликува и во другите полиња, како што се медиумите и економијата.

Воедно тој го информираше комесарот Хан за повеќе случаи за нарушување на судските правила и постапки, како и барањето на СЈО за употреба на незаконски стекнати материјали во судските процеси што укажува на недостаток на постоење на фактички докази и прибегнување кон незаконски методи. Членот 12 од Законот за кривична постапка, јасно и недвосмислено пишува дека нелегално стекнати аудио и видео матерјали не можат да бидат доказ во судска постапка ниту пак од нив да се изведуваат докази.

Од страна на ВМРО ДПМНЕ беше истакнато дека што се однесува до реформските процеси се забележува упорното игнорирање и невклучување на опозицијата во таквиот процес. Освен барањето јавна поддршка, нема суштинско вклучување во процесот а изработување на реформите. Таков случај е и со Законот за администрација кој преставува основа за бркање од работа на илјадници професионалци и луѓе кои не се поддржувачи на актуелните политики на власта, беше посочено од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Во однос на стратешките приоритети беше посочено дека ВМРО-ДПМНЕ изразува поддршка на евроинтеграциските процеси,за кои е потребно суштинско исполнување на реформските приоритети.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски