(ВИДЕО) Никодиновска: Пред избори едно,после избори полошо, со ДПМНЕ и ЗНАМ балансерот ќе стане закон

Од:

По бурата реакции за одлуката на Уставниот суд да го укине фамозниот балансер, како алатка за вработување според етничката припадност во државните институции – партиите на олигархијата се впуштија во нови авантури, изјави Маја Никодиновска од Левица.

– Владата предводена од ДПМНЕ ЗНАМ и ВРЕДИ, преку Законот за правична застапеност се обидува да ја релативизира и заобиколи одлуката на Уставниот суд, и политиката на т.н. правична застапеност да ја продолжи и во иднина, но овој пат озаконета. Во прилог на ова зборуваат изјавите, како на вицепремиерот Изет Меџити така и на Министерот за дигитална трансформација, Андоновски, кој вели дека „со или без балансер владата ќе остане фокусирана на правичната застапеност во администрацијата“. Механизмите што ја фаворизираат етничката припадност пред стручноста се во основа неисправни и подложни на злоупотреби. Потребно е да се стави крај на уништувањето на функционалноста на државата и нејзините институции. Наместо да се запрат сите штетни процеси, секоја идна Влада дава свој придонес во продлабочувањето на агонијата за обичните луѓе. Македонија мора да се ослободи од мафијашките интереси кои го кочат прогресот на државата, во секое поле – рече Никодиновска.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови