ВИДЕО: „Ние одлучуваме“ – граѓанската акција го најави стартот од пред Собранието

Од:

Од пред Собранието со прес конференција беше најавен старотот на граѓанската кампања „Ние одлучуваме“, која има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Активистите вклучени во акцијата ќе ги регистрираат сите злоупотребите на јавните ресурси и на институциите за изборни цели, злоупотребите на буџетот, како и уцените и заплашувањето кон граѓаните за остварување на своето избирачко право.

Пред Собранието пристигна и камионот со кој со кој ќе се посетуваат сите места во државата каде граѓанските активисти ќе имаат средби со граѓаните.

Граѓанската активистка Ирена Стеријовска од пред Собранието истакна дека единствена цел на оваа акција е да се потенцира важноста на предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат во декември и да се настапи одговорно во овој решавачки момент за Македонија.

Граѓанската акција “Ние одлучуваме“ ќе биде составена од различни активности со кои ќе се информираат, мотивираат и охрабруваат граѓаните да учествуваат на изборите.

Организацииите од “Ние одлучуваме“ ќе ги регистрираат потенцијалните злоупотреби на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните поврзани со остварување на избирачкото право. Во рамки на акцијата предвидени се мотивирачка кампања за излезност и за тајноста на гласот, бесплатна СОС линија за пријавување повреди на гласачкото право и мониторинг на на партиските изборни кампањи.

Драган Додевски во своето обраќање кажа дека никој нема право да ги прашува граѓаните за кого гласале ниту пак тие имаат обврска да кажат како гласале. Изборните притисоци и злоупотреби се кривични дела и треба да бидат пријавени како и сите други кривични дела.

-Ги охрабруваме сите граѓани да ја искористат бесплатната СОС телефонска линија и да пријават било какви повреди на гласачкото право, како на пример заплашувања, притисоци, уцени или поткуп. Линијата е достапна на 0800 88 888 секој работен ден од 9 до 21 часот, а тајноста на личните податоци нја граѓаните кои ќе пријават злоупотреби е гарантирана, рече Додевски.

Според него, со акцијата ќе бидат следени сите злоупотреби-вработувања, буџетски плаќања и користење на други државни ресурси за партиски цели во текот на кампањата.

-Ќе биде следено финасирањето на политичките партии и на изборната кампања во медиумите, како и содржините и поставеноста на информативната програма на МРТ1 од спаект на функција на државен сервис.

-Младите се најзасегнати од политиката, а најмалку заинтересирани за гласање, рече Љуми Бекири во своето обраќање.

Ние веруваме дека во Македонија постои перспектива и подобра Македонија е можна исклучиво доколку младите повеќе се ангажираат зошто политиката им припаѓа ним и на граѓаните, а не само на политичарите. Ние навистина можеме подобро но исклучиво со гласот и ангажманот на младите, рече Бекири.

Акцијата ќе се спроведува на целата територија на Македонија, а нејзини носители се Млади Европски федералисти (Џеф Македонија), Центар за одржлив развој на заедницата-Дебар, Здужение за развој и активизам “Аква“-Струга, Здружение за локален развој “Акција плус“-Ресен, Младиниски културен центар-Битола, Центар за стратегии и развој “Пактис“-Прилеп, Здружение за ширење на демократија и демократски принципи, човечки права и слободни “Проект-ЕУ-Кавадарци, Организација на жени од Струмица-Струмица, Здружение на граѓани “Патокази“-Гевгелија, Центра за изтражување и развој на општеството “Визио“-Кичево, Регионален центар за одржлив развој-Кратово, Гласно-Штип, Фокус-Велес, КХАМ-Делчево, Фондација отворено општество-Македонија, Фондација Метаморфозис, Македонски центар за европско образование, НВО Инфоцентар, Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Центар за современи уметности и Младински образовен форум.

Сите информации за акцијата може да се најдат на www.nieodlucuvame.mk

Би можело да ве интересира

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

A1on

Фридом Хаус изразува длабока загриженост за списокот со невладини организации на српските власти

Жарко Настоски

Српските власти бараат проверка на сметките на десетици новинарски здруженија и невладини организации

Жарко Настоски

Во Битола саем на невладини организации

Ана Ололовска

Невладини бараат оставка од Спасовски и од директорите на УБК и Агенција за разузнавање поради бегството на Груевски

Наум Локоски

Невладини организации бараат повлекување на предлог измените на Законот за јавни претпријатија

Ана Ололовска