ВИДЕО: 30 дена рок за Зврлевски

Од:

Петнаесет невладините организации кои дејствуваат во областа на владеењето на правото и антикорупцијата, денеска се обратија до надлежните институции на државата да преземат мерки за да се расчистат аферите кои ја тресат земјата.

Организациите здружени во Платформа против корупцијата бараат институциите да утврдат кој ги прислушувал разговорите што ги објавува СДСМ и да ги испитаат наводите во овие разговори, кои упатуваат на криминал, корупција и изборни манипулации од страна на владејачката гарнитура.

– Бараме содржината на снимите да биде посебно и внимателно испитана, затоа што разговорите укажуваат на можни незаконски активности. Без разлика кој е изворот на снимените разговори, содржината сугерира постоење на корупција, вклучително и масовна злоупотреба на службената положба – изјави Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“.

Тој посочи дека приватизираните институции во комбинација со контролирани медиуми доведуват до состојба на заробена држава каде е онеспособено владеењето на правото.

– Потсетуваме дека под корупција меѓу другото се подразбира и состојба во која институциите се „приватизирани“ за интересите на политичките парии на власт и поединци и сакаме да укажеме дека тоа доведува до неурамнотежена и нелегитимна политичка моќ која се користи за остварување на поединечни интереси, наспроти општиот и интересот на граѓаните. Таквата состојба, дополнета со состојбата на контролирани медиуми, се нарекува заробена држава, во која е оневозможено владеењето на правото – рече тој.

Поранешната прва антикорупционерка, Слаѓана Тасева, сега претседател на „Транспаренси Интернешнл“, вели дека мора да прекине молкот од надлежните институции, особено од Јавното обвинителство како најповикана. ЈО, вели таа, треба да се зафати со вршење на работите од нејзина надлежност и да испита наводите кои се снимени и кои опозицијата ги објави.

На прашањето дали е возможна правна разрешница на случајот пред политичката, Тасева вели дека моментално не постои политичка волја, но дека процесите мора паралелно да се одвиваат.

– Сакаме да ги повикаме институциите затоа што незаменлива е нивната улога. Државата може да функционира преку нејзините институции. Моментално не постои политичка волја за тоа, имаме состојба на заробена држава и заробени медиуми, а во иднина верувам ќе зборуваме за заробена економија. Во вакви услови треба да се создаде можност на институциите да си ја работат својата работа, а тоа е неопходно да се случи од оние што ја водат државата за да се воспостави политичка волја – рече таа.

Невладините организации бараат јавното обвинителство веднаш да покрене псотапки за гонење непознати лица за неовластено и незаконито прислушување и да отвори постапки за сите наводни злоупотреби, Јавното обвинителство да поведе постапка за утврдување дали ресурси на МВР биле употребени за незаконито прислушување. Од Државната комисија за спречување на корупција бараат да се произнесе по случаите и да ги преземе сите мерки во нејзините надлежности, а од Судскиот совет да поведе постапка за несовесно и незаконито постапување на судиите за кои постојат индиции дека постапувале под влијание на носители на функции.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

Орце Костов

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби

Дојави за бомби во неколку белградски училишта

Во Франција: Шест аеродроми се евакуираат истовремено поради закани за бомби

Фрлени се три бомби врз три српски куќи на Косово

Горан Наумовски