(ВИДЕО) Нешковски: ВМРО-ДПМНЕ не презеде ништо да ги задржи младите доктори, денес платите во здравството постојано растат

Од:

Речиси беше невозможно како млад доктор да се вработиш во јавното здравство, рече Трајче Нешковски, специјализант по пулмологија и алергологија, член на СДСМ.

Во 2017 година се донесе закон за надоместок за приватните специјализнатите, а претходно тие не земаа ништо иако работеа рамно за сите други колеги, додаде Нешковски на трибината организирана од СДСМ Агенда 20-24 посветена на темата здравство.

„Евидентно е дека претходната Влада на ВМРО ДПМНЕ буквално не презеде ништо за да ги задржи младите доктори во нашата држава. Мој колега кој имаше многу висок просек, пробувајќи да работи тука по што не успеа, за жал реши да ја напушти државата и да работи во една од европските земји. Сега работиме во значително подобри услови“, рече Нешковски и додаде дека напорите на Владата предводена од СДСМ, се очигледни со цел овозможување на подобри услуги и услови.

Нешковски предложи во новата програма на СДСМ да се воведен паричен надоместок за специјализантите од 12 000 денари за решавање на нивното станбено прашање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски