Новинарите во Македонија не го прославуваат светскиот ден на слободата на печатот, туку укажуваат на сериозната ситуација на загрозување на медиумските слободи.
Тие потсетуваат дека не постои слобода без слобода на медиуми, ниту демократија без судир на мислења. Обидите за игнорирање на ниските оценки од меѓународните организации за медиуми, според новинарите нема да придонесе за подобрување на медиумските слободи.
-Светот го одбележува 3 мај денот на медиумите, Македонија не го одбележува, зашто нема што да се одбележува. Ако се даде акцент на овој ден, тогаш ќе мора да се каже дека новинарите мораат да работат без страв од одмазда, без закани и насилство, без корупција и уцени. Извештаите на сите релевантни домашни и меѓународни организации ја лоцираат Македонија на дното по почитување на овие права, и тоа може да значи само едно-Македонија е далеку од демократско општество. Заштитата на новинарите е далечен поим во земја каде владее цензурата и самоцензурата, каде говорот на омраза не се казнува дури и се стимулира. Овој ден е можност новинарите да потсетат дека не постои слобода без слобода на медиуми, не постои демократија без судир на мислења, рече Владо Апостолов, новинар во Фокус.
Рангирање на медиумските слободи во Македонија од страна на светски органзации е објективен одраз за тоа што реално се случува на медиумската сфера, и ниеден обид за дискфалификација и игнорирање на овие оценки нема да придонесе кон подобрување на медиумскит слободи.
Само пред 6 години Македонија имаше драстично високо рангирање, а во меѓувреме дојде до тесктонски пореметувања на основните столбовите кои го сочинуваат медиумскиот систем во една земја, а тоа се медиумските политики, транспарентност на сопственоста, начинот на кој се финасираат медиумите, состојбата со новинарите и новинарството во земјата и на крај, јавниот сервис.
Дојде до целосна политичка колонозација на сите аспекти на медиумскиот систем, по што политиката зазеде целосна доминација. Не постои држава во светот во која има слобода демократија, политичка и економска демократија, благосостојба на граѓаните, без да има основни медиумски слободи и права, рече Билјана Петковска од МИМ.