(ВИДЕО) Нелоски: СДСМ се расфрлаат со неверојатни суми на пари за да ги манипулираат граѓаните дека во државава се е розево

Од:

„СДСМ и Зоран Заев од 14 до 16 декември потроши неверојатни 185 илјади евра за реклами по медиумите. Заклучно со овие 3 дена, за само една недела СДСМ и Зоран Заев имаат потрошено 505 илјади евра за реклами.

Партијата која им вети на граѓаните дека кога ќе дојде на власт ќе ги скрати рекламите, гледаме дека го прави спротивното. Се расфрлаат со неверојатни суми на пари за преку медиумите да ги лажат и манипулираат граѓаните дека во државава се е розево и тече мед и млеко“, рече Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку се анализира пазарната вредност на рекламите ќе се види дека владата во заминување ја потрошила оваа огромна сума од 185 илјади евра за само 3 дена, односно за 14, 15, 16 декември. Пари наменети за ширење на лажни вести да ги убедат граѓаните дека државата не тоне, дека не сме последни во регионот и Европа по сите можни индикатори и дека не сме на дното по невработеност на младите.

СДСМ и Заев се должни да одговорат од каде им се овие огромни суми на пари?

Дали станува збор за државни пари на граѓаните на Република Македонија, или пак се работи за рекетирани пари бидејќи сведоци сме како целиот врв на партијата им е длабоко навлезен во уцени на бизнисмени?

Доколку СДСМ за само овие 4 дена потрошиле 320 илјади евра, колку уште други стотици или милиони евра има потрошено последниов период за да ги манипулира граѓаните на Република Македонија?

Претходно сведоци сме како субвенционираа медиуми, а задните намери им беа да вршат влијание во истите медиуми и да им се мешаат во уредувачката политика.

Очигледно е дека на Заев и СДСМ и гори под нозе и свесни за поразот кој им следи на 12 април па затоа на секој можен начин се обидуваат да ја излажат јавноста за сите криминали афери и неработа во последните години.

Граѓаните нема да наседнат повеќе на лагите на Зоран Заев. Времето на СДСМ и Зоран Заев измина и тие заминуваат во историјата, а доаѓа обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава