(ВИДЕО) Нелоска: Однесувањето на Филипче во време на прогласена епидемија е скандалозно

Од:

Здравствениот систем е во тотален хаос. Несомнено, скандалот со вакцините е дно на дното, доказ за аматеризмот и неспособноста на оваа власт. Министерот за здравство, Венко Филипче и премиерот Зоран Заев во најмала рака се однесуваат скандалозно. Филипче и Заев си поигруваат со здравјето на децата, со здравјето на граѓаните. Прво, излегува на виделина дека има вакцини со изминат рок. Потоа, излегува министерот Филипче и вели дека вакцините не се со изминат рок, само имаат погрешна декларација. За сега да падне одлука – вакцините да се уништуваат, рече Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Министре, излезете во јавност и објаснете им на граѓаните што правите? Освен лаги и манипулации, грижа за интересите на вашите блиски, се интересирате ли воопшто за нешто друго? Зошто, наместо само да го почитувате законот, и веднаш да ги уништите спорните флакони, Вие направивте турска серија од настанот. Човек да се запраша дали навистина промовирате вакцинација или не. Со вашето неадекватно однесување само праќате погрешни пораки, ја зголемувате несигурноста на и така вознемирените родители и правите непоправлива штета на здравствениот систем за кој сте Вие сте одговорен. Во период на прогласена епидемија на морбили вие создадовте тотален хаос, рече Нелоска.

Таа го праша Филипче како можел да дозволи, во период кога е прогласена епидемија на морбили, Клиниката за детски болести да не спроведува мерки кои се предвидени со закон.

– Дозволивте да се доведат во ризик стотици болни деца кои секојдневно поминуваат низ клиниката. Дозволивте епидемијата да ги погоди и најранливите, децата со малигни и други сериозни болести. Дозволивте вработените да бидат зафатени, а потоа и ризик фактор за ширење на епидемијата. Министре, сето ова укажува на неспособност и аматеризам, на базично незнаење и негрижа за здравјето на граѓаните, а пред се за децата за нашата иднина. Внимавајте, освен епидемија на морбили, веќе има бројка од над 500 лица со грип. И како да е сето малку ова претходново кажано, изминатава седмица, наместо да се занимаваат со епидемијата на морбили, како и скандалот со вакцините, министерот Филипче, премиерот Заев како и други бројни претставници на власта, беа впрегнати во лов на гласови од професорите на Медицински факултет во Скопје, со притисоци и уцени нормално, да се изгласа комисија која ќе го избере за доцент пуленот на СДСМ. Замислете, и министерот е член на таа комисијата. Небитно е што Законот за спречување на корупција вели дека тој како носител на јавна функција треба да се изземе од вакви комисии. Небитни се критериумите, небитна е автономијата на универзитетот за која што толку се бореа, рече Нелоска.

Таа рече дека е скандалозно што Заев и Филипче сега бирале доценти на Медицинскиот факултет, за што побара одговорност од министерот Филипче и премиерот Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ