(ВИДЕО) Нелоска: Матичните лекари и стоматолозите добија најлоши предлог договори од ФЗОМ

Од:

„Здравствениот систем во Македонија е во колапс. СДСМ имаше „План за живот“, и вети дека ќе се работи на здрава примарната здравствена заштита. Но, очигледно или не ја сфаќаат или не сакаат да ја сфатат. Примарната здрваствена заштита е во слободен пад.

Матичните лекари и стоматолозите добија најлоши предлог договори за наредните пет години од Фондот за здравствено осигурување, а со високите казни во договорите се доведува во прашање и нивното опстојување.

СДСМ, пак, ветуваше намалување на високите казни за матичните доктори, а сега гледаме дека излажа. Матичните доктори протестираа, но, прашање е дали воопшто некој ги слуша“, рече Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лагите на СДСМ ги има секој ден.

СДСМ ветуваше и покачување на капитациониот бод на матичните доктори на 90 денари-излажа. Ветуваше укинување на квотите за рецепти и боледувања-излажа.

Дополнително, годинава од две поликлиники во Скопје три матични доктори заминаа во пензија, а најдоцна до крајот на годинава заминува уште еден матичен лекар. Значи дека околу десет илјади граѓани во Скопје ќе останат без матичен лекар. Здравствен дом Скопје не распишува тендер за концесионери како што предвидува Законот за здравствена заштита.

Предвидлив е фактот дека до крајот на годината околу 30 доктори од примарното здравство низ цела Македонија ќе заминат во пензија, а околу 60 илјади граѓани ќе останат без матични лекари. Во Македонија многу ординации ќе останат празни. Ако се земе предвид дека просечната возраст кај матичните доктори е 57 години, очекувано е дополнително влошување на состојбата за 5 години кога може да се случи многу градови да останат без доктори во примарното здравство.

Поради политиките на оваа криминална и однародена власт граѓаните нема кој да ги лечи, а лекарите и медицинските сестри ја напуштаат државата.

Министерот за здравство Венко Филипче и владата треба да дадат одговори на следните прашања:

Дали во државава се потребни лекари?

Знаат ли надлежните дека граѓаните остануваат без матични лекари?

Јасно е дека владата и министерството се без план за столбот на здравствениот систем за примарната здравствена заштита.

СДСМ ги изманипулира граѓаните, ги измами лекарите. Ветуваше нешто што сакаа да го слушнат, но очигледно нема намера да го реализира.

На оваа здравствена политика водена од оваа влада и овој министер мора да се стави крај“, изјави Ленче Нелоска.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски