ВИДЕО: Нека кршат глава циганите, само нека гласаат како што треба

Од:

Партијата за целосна еманципација на ромите организираше мирен протестен марш од калето до Владата, каде што лидерот на партијата Самка Ибраимовски објави нови аудиоснимки од т.н. „бомби“, кои се однесуваат на изборите во Шуто Оризари.

Тој пред присутните посочи дека два од разговорите се помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер, и еден помеѓу Гордана Јанкулоска и соговорник.

Транскрипт

ГЈ Вие терајте со циганиве.

МП Да, ќе тераме со кафето и циганите. Значи ќе најдеме тројца од Амди кои ќе речат дека СДСМ ги пуштил да разделуваат месо низ Шутка.

ГЈ Види, Иван има снимено вчера како скандирараат циганиве, СДСМ, ВМРО никогаш нема да дојде на власт, така да Сител има добар материјал снимено. Така да ние ќе го потврдиме случајот, а Бичикле нека тера јако.

Транскрипт

ГЈ Има некоја циганка, тука преку луѓе јас што имам во полиција, вика дајте некоја паричка ќе го наместам Самка кога сакате и како сакате. Ама види, на крај може и така да треба. Ние се да снимаме, а после што ќе употребиме е наше.

МП Да

Транскрипт

ГЈ Ристе што праиш бе?

С Еве добро, дома да се пресоблечам.

ГЈ Заврши Шутка и сега уживаш.

С Готово

ГЈ Море тие во Шутка се ненормални. Пак се искарале циганите. Нека кршат глава само нека гласаат како што треба.

„Сакам да и кажам на власта, која обвинува дека некој сака да дојде на власт без избори, а тие дошле на власт со лажни избори. Вие сте политички мртви, народот не е повеќе со вас. Ние имаме образ, вие немате бел образ, вие сте од Белизе и лажете дека ќе ја зголемите социјалната помош“, порача Самка Ибраимовски, претседателот на ПЦЕР, кој се пожали и дека им биле правени притисоци на Ромите да не доаѓаат на протестот, од кој беше побара оставка од Владата.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

Орце Костов

(ВИДЕО) Самка Ибраимовски: Доста е да не водат семејни кланови и партиски потрчковци

Орце Костов

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби

Дојави за бомби во неколку белградски училишта

Во Франција: Шест аеродроми се евакуираат истовремено поради закани за бомби