(ВИДЕО) Недозволиво е донаторите на ВМРО-ДПМНЕ да не се свесни дека донирале, тоа мора да се казни

Од:

Примерот со екс премиерот на Хрватска, Иво Санадер, покажа дека корупцијата во финансирањето на политичките партии може да ги чини политичарите, не само нивен мандат и кариера, туку и сопствената слобода. Експерти од Хрватска на тема политички партии и изборни кампањи, денеска упатија порака дека ниту во Македонија не може никој да остане неказнет и да се поставува над законот. Случајот со партиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ, каде се јавуваат донатори несвесни дека донирале суми, се издвојува како најексплицитен пример дека корупцијата во финансирањето кај нас поминува незабележливо.

Драган Зелиќ, аналитичар и долгогодишен член на граѓанската организација „Гонг“ во Хрватска, вели дека таквите појави се недозволливи и дека упатуваат на кривични дела со кои треба да се позанимава јавното обвинителство на Македонија.

-Ако е навистина точно дека ги навеле луѓето кои немале поим дека донирале, тоа е потценување на цела јавност, на сите граѓани на оваа земја. И тоа не е примерно за политичка партија. Тука има елементи на казниви дела, тоа го преминува надзорот на финансирање на камапњите и претставува кривично дело. Ова е работа на јавниот обвинител. Можам да сфатам дека институциите тука се инертни и не сакаат да покренат постапка. Но затоа тука се медиумите кои треба да висат на врат и да прашуваат од каде им се парите. Одговорност има и академската заедница – посочи Зелиќ на денашната работна средба во организација на невладината „Цивил“.

На прашањето дали може да се направи споредба со хрватскиот случај и да се потегне релација меѓу Санадер и македонскиот премиер, Никола Груевски, Зелиќ вели дека во Македонија мора да се воспостави владеењето на правото доколку земјата сака да се придвижи кон Европската унија и да се казнат оние кои го прекршиле законот.

-Македонија ќе мора да исполни високи критериуми при влез во Европската унија. Една од главните работи е владеење на право. Мора сите да бидат еднакви, без разлика дали станува збор за обичен граѓанин, за премиерот или претс едателот на републиката. Сите мора да одговараат пред законот, а инситуциите мора еднакво да ги третираат. Ако е нешто направено мора да се одговара за тоа – подвлекува тој.

Џабир Дерала од „Цивил“, смета дека не може да се очекува подобрување на состојбата се додека институциите се партизирани.

-Институциите се наоѓаат во тажна состојба. Добиваме извештаи од Европската комисија дека имаме сериозни проблеми со политизацијата на институци. Добиваме извештаи од ОБСЕ и ОДИХР дека е замаглена границата меѓу партијата и државата. Државата е комплетно киднапирана. Отсуството реакција од страна на институциите што е потполно разбирливо затоа што тие се претворени во штабови. Нема што многу да очекуваме од институциите во состојбата во која се наоѓаат – рече Дерала.

Тој упатува апел до граѓаните да не влегуваат во овие измами и да реагираат кога нивното име се среќава во извештаите на партиите.

-Луѓе со ниски месечни примања, пензионери кои земаат месечно 5.000-6.000 илјади денари, одеднаш се јавуваат како донатори во кампања со илјада евра. Праќам апел до граѓаните да не се стават во машинерија на партијата да даваат пари, или да кажуваат дека донирале, а не е така, затоа што се нарушува законитоста – посочува тој.

Би можело да ве интересира

Митева: Филипче, Заев и Ковачевски свесно ја втурнаа Македонија во црно сценарио, да биде оставена сама на Балканот и неинтегрирана

Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Со добра координација ќе се надмине овој „ситен проблем“ порача Таравари по превирањата за Законот за бранителите

Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критерими констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на Клиничкиот во Скопје

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа членовите на Советот на јавни обвинители да поднесат оставки