(ВИДЕО) Неделковски: Фијаско со спортските ваучери, наместо грижа за спортот- партиски подмирувања

Од:

„Власта непосредно пред избори неправедно ги корумпира спортските клубови преку мерката спортски ваучер.

Даниел Димевски советникот за спорт на Зоран Заев предизборно дели ваучери во висина од 10 мил евра , со една и единствена цел – предизборен поткуп. Со минатогодишниот ваучер реализацијата е 60 проценти, односно 6 милиони евра. 4 милиони евра на спортските клубови и федерации пропаднаа заради нефункционалноста на мерката спортски ваучер.

Резултатите од мерката се покажаа катастрофални, па во декември побрзаа предизборно на своите блиски клубови и федерации да им ги реализираат ваучерите преку големите државни компании како ЕЛЕМ, РЕК Битола и други за речиси 2 мил евра или 33% од вкупната сума.

Спортската јавност постојано укажува на злоупотреби на ваучерите од власта, за нелогични распределби, без критериуми, па и вон закон. На крај во изборни цели формираа политичка ком исија на чело со Даниел Димовски, како главниот носител и промотор, пред се заради негови лични интереси“, вели Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Натпреварувачката сезона се уште не е завршена. Врз која основа и на кои резултати на клубовите и федерациите се прави рангирање за тоа кој ќе земе повеќе а кој помалку?

Во олимписка година кога единствен начин да се појавиме на Олимпијадата во Токио е преку индивидуалните спортисти, срамно е токму тие да добијат симболични суми за финансирање на своите програми. На единствениот спортист со остварена А норма доделени му се само 11 илјади евра, од вкупните 10 милиони евра.

Женскиот спорт финансиски е фрлен на маргините со само 5% од вкупната сума. За тоа ли се залагаат жените во СДСМ?

Некои федерации целосно се изоставени од ваучерскиот систем, на пример фудбалската и пливачката федерација.

Премногу е воочливо дека одредени клубови миленичиња на власта, водени од партиски функционери, добиваат многу повисоки суми од оние со подобри резултати.

Даниел Димовски во македонскиот спорт преку поделбата на ваучерите е претворен во Капо ди Тути Капи. Тој е советник на премиерот за спорт, претседател на комисијата за распределба на ваучерите, неофицијален директор на АМС со заспаниот Каевски, член во Управниот одбор на МОК.

На крај, Најголемиот скандал е доделувањето на ваучер на МОК во висина од 9 мил денари. А, Даниел Димевски е член на УО на МОК и Сашо Поповски Генерален секретар на МОК и двајцата членови на политичката комисија на СДСМ за поделба на ваучерот. Замислете сами на себе, независно и експертски си доделуваат 150.000 евра.

Единствена грижа на Даниел Димевски и СДСМ е да се задоволат партиските другари поставени во федерациите и нивните клубови.

Спортот мора да се врати на спортистите. Наша цел се нашите деца и нивниот напредок, а не ситните и лични интересни на дел од естаблишментот во спортот.

Со победата на изборите во април и со победата и новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, ќе заврши времето на мешетарите во спортот“, изјави Влатко Неделковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава