(ВИДЕО) Не може македонски слики да висат во Грција – Грчката амбасадорка повикана во македонското МНР

Од:

Синоќа во Солун, за време на изложбата на ликовниот уметник Сергеј Андреевски, во галеријата упаднале група маскирани луѓе, кои со непристојно и вулгарно вербално однесување се обиделе да предизвикаат прекинување на изложбата, по што си заминале.

Од МНР велат дека немало демонстрација на физичко насилство или нанесена материјална штета, но поради заканите и вербалните напади била повикана и полиција, која е целосно известена за инцидентот.

-За инцидентот известени се и Генералниот конзулат на Северна Македонија во Солун и Амбасадата во Атина, кои веднаш стапија во директен контакт со надлежните органи на Грција, а за инцидентот е информирано и грчкото Министерство за надворешни работи, стои во соопштението.

Во текот на денешниот ден, во МНР е повикана и грчката амбасадорка Софија Филипиду, при што и формално ќе бидат упатени очекувањата од нашиот сосед да бидат преземени сите мерки за откривање и процесирање на сторителите.

Како што објави грчката телевизија „ЕРТ“, повеќе маскирани лица со фантомки на главата, влегле во галеријата Ремецо, го натерале сликарот да ги тргне уметничките и му рекле дека не смее да ги презентира.

Во објавеното видео на  „Фронт на подмладокот- Златна зора“ стои дека „Златна зора ја запечати скопската изложба во Каламариа“, бидејќи дека не прифаќаат никаков компромис за „грчкиот карактер на Македонија“, и според нив станува збор за „очигледен потсмев и навреда на националното чувство на Македонците“, и тие морале да интервенираат.

Велат дека сакаат да испратат порака до грчките властите дека „ваквите провокации нема да остануваат без одговор“.

Маскираните потоа со лента го запечатиле просторот пред влезот на галеријата и залепиле плакати на кои пишува :

-Се забранува секаква реклама или отстапување на јавен простор со пари од грчките граѓани за организации или личности како што е Сергеј Андреевски, кои ја поткопуваат грчката историја, го оспоруваат грчкиот карактер на нашата земја, ги отстапуваат нашите национални симболи и одобруваат криминал врз Грците, пишува на плакатот.

„Златна зора“ во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент, а според судската пресуда од 2020 година е криминална организација и раководството на партијата, поранешни пратеници и членови, веќе три години издржуваат затворска казна.

Би можело да ве интересира

Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра во Грција

Горан Наумовски

Трагедија на островот Кос: Загина жена, албански државјанин, нејзиниот сопруг е во критична состојба

Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Трагедија во Грција: Се удави 30-годишно момче кое требаше да се ожени за 20 дена

Силен земјотрес ја погоди Грција

Горан Наумовски

Сотирис Минас: Јазикот и идентитетот на Македонците не му нанесуваат штета никому, тие се дел од светското културно наследство