(ВИДЕО) Наумовски: Мора да го решиме хаосот којшто владее со легализацијата на земјиштето

Од:

„Ѓорче Петров мора да се менува. Ветуваме дека по доаѓањето на власт, општината ќе биде отворена и услужна за сите граѓани.

Ѓорче Петров 12 години е во револт, граѓаните се загрижени поради запуштеноста на општината и неодговорноста на општинската администрација. Тие залужуваат истурени канцеларии во местата каде што не е достапна администрацијата, Волково, Кисела Јабука, Орман, Ново Село, Никиштани, Стопански Двор.

Граѓаните не можат да си ја завршат работата бидејќи сегашната администрација не излегува во пресрет на своите граѓани.

Мора да го решиме хаосот којшто владее со легализацијата на земјиштето, за што предвидуваме преку проекти да ангажираме млади правници кои ќе даваат бесплатна правна помош на сите засегнати граѓани за да го остварат своето право за легализацијаа и да немаат правни спорови.

Преку форуми на заедниците, преку отворање и јакнење на месните заедници и месната самоуправа која е замрена и служи за партиски препукувања ние ќе го отвориме Ѓорче. Месните заедници, урбаните заедници во целата општина ќе бидат очите и ушите на Градоначалникот и администрацијата. Граѓаните очекуваат нов начин на раководење, нов пристап, отвореност, енергичност и конкретно решавање на проблемите.

Мора да излеземе масовно на 15 октомври, да го дадеме гласот за луѓето кои ќе направат промени, да го дадеме гласот за живот за сите во Ѓорче Петров, да го дадеме гласот за подобра иднина на нашите деца“, изјави Александар Наумоски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он