(ВИДЕО) Наумовски: Финансиски надомест за сите спортски работници кои ќе работат со младински категории

Од:

„Ние нудиме помош и поддршка на спортот во општината.

Спортските друштва и поединците од Ѓорче Петров беа некогашна гордост, не само на општината, туку и на Скопје и Македонија во изминатите години. Денес спортот во општината е сведен на стихијно и неорганизирано работење.

Во разговор со спортските работници и со нивно одобрение, целта е спортското друштво да биде составено од претставниците на постоечките спортски клубови на територијата на нашата општина, како и други кои ќе ги возобновиме во нашиот мандат.

Новата администрација ќе обезбеди финансиски надомест за сите спортски работници кои ќе работат со младински категории.

Целта е што поголем број деца да се запишат бесплатно во спортските клубови. Квантитетот единствено раѓа квалитет.

Ние ќе обезбедиме пари за стипендии и кредити за школување на перспективни млади спортистки по предлог на општинскиот спортски совет и спортските сојузи и клубови.

Планираме формирање на Совет за спорт во општината којшто системски ќе прави анализи за унапредување на масовниот и индивидуалниот спорт во нашата општина со предлагање на мерки, програми и акциони планови. Особено ќе има значајна улога во предлагање и усвојување на реален и развоен буџет за спортот.

Затоа на 15 Октомври гласајте за живот во Ѓорче Петров, гласајте за живот за сите“, изјави Александар Наумоски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори