(ВИДЕО) Наумоски: Општината ќе стане лидер во креирање на политики за поддршка на најзагрозените категории

Од:

„Ние се грижиме за сите граѓани, Ѓорче Петров станува социјална општина, секогаш подготвена да излезе во пресрет на секој граѓанин кога има потреба од помош. Обезбедуваме помош за невработени родители и бебе-пакет за секое новороденче.

Воведуваме еднократна парична помош за семејствата без ниту еден вработен за новогодишните празници. Планираме да ги мотивираме младите брачни парови со едникратна донација од 200 евра за секоја новоформирана невработена брачна двојка.

Обезбедуваме субвенции за работодавачи кои вработуваат лица со посебни потреби и изградба на пристапни рампи за неподвижни лица во сите јавни институции.

Финансиска и друга помош за започнување на сопствен бизнис, специјално наменета за претставниците на зедницата на Ромите.

Имајќи во предвид дека самохраните родители се една од најзагрозените категории, во соработка со институциите на државата и меѓународните организации, општината ќе развие и поддржи програма за сместување и помош на еднородителски семејства во рамки на новосоздадени стамбени единици.

Со помош на стручната служба, самохраните родители ќе можат да добијат обуки за квалификација за да бидат поконкурентни на пазарот на трудот.

Во исто време, ќе бидат изработени правилници за градинки, преку кои самохраните родители ќе имаат предност во запишувањето на своите деца во градинките на територија на Општина Ѓорче Петров. Со оваа и со останатите мерки предвидени за поддршка на ранливите категории, општината ќе стане лидер во креирање на политики за поддршка на најзагрозените категории.

Затоа на 15 Октомври гласајте за живот за сите во Ѓорче Петров, гласајте за живот за сите, гласајте за подобра иднина на нашите деца“, изјави Александар Наумоски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров..

Би можело да ве интересира

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Независните кандидати наместо од еден отсто, треба да соберат потписи од 0,95 проценти од запишаните избирачи во ИЕ, за решението ќе се гласа утре во Собрание

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Гаши: Локалните избори ќе се распишат во првата половина од август

Шукова ја објави својата кандидатура за градоначалничка на Скопје