(ВИДЕО) Наумоски: Мора да ги едуцираме младите да ги почитуваат историските вредности

Од:

„Нашата општина го носи името Ѓорче Петров, тоа не е само име тоа претставува идеја, тоа претставува револуција, тоа претставува непокор на македонскиот народ. Ѓорче Петров мора да стане општина што ќе ги почитува своите вредности.

Ѓорче Петров мора да ги едуцира своите млади луѓе да знаат кој се изборил за нивната слобода, кој се изборил за Македонија, кој се изборил за Скопје.

Пред празникот 11 Октомври се наоѓаме во паркот во Ѓорче Петров, пред споменикот изграден од страна на Сојузот на борци, а ние сакаме со неговото чистење да докажеме дека во иднина ќе се грижиме за овие историски вредности.

Почитувани граѓани, доаѓаат избори на 15 Октомври, да не дозолиме друг да одлучува за нашата судбина, затоа излезете масовно, заокружете го бројот 19, гласајте за промени, за живот за сите во Ѓорче Петров, гласајте за живот за сите, гласајте за подобра иднина на нашите деца“, изјави Александар Наумоски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ