(ВИДЕО) Наумоски: Граѓаните преку свои идеи и проекти ги поттикнуваме да се вклучат во економскиот развојот на општината

Од:

„По добивањето мандат на локалните избори мора да обезбедиме повеќе пари за Ѓорче Петров, а со тоа и повеќе можности за сите.

Нашите анализи покажаа, имаме голем број невработени, а општината нема поголеми индустриски капацитети.

Нудиме мерки за отворање нови работни места.

Граѓаните преку свои идеи и проекти ги поттикнуваме да се вклучат во економскиот развојот на општината.

Обезбедуваме постојана координацијата на потенцијалните претприемачи, иноватори, инвестициски фондови и други потенцијални инвеститори.

Планираме да изградиме нови и активирање на постоечките индустриски зони.
Според капацитетите со кои располага, на Ѓорче му требаат домашни и странски инвестиции кои отвораат нови работни места.

Со години младите во општината беа запоставени, а нивните идеи и проблеми на маргините на интересот на општината.

Со цел младите да бидат активни чинители на својата заедница, општината ќе обезбеди годишен фонд „Младинска Банка”.

Малите грантови ќе поддржат и форми на социјално претприемништво, иницијативи за поддршка на ранливи категории, културни и спортски настани и други креативни форми на младински иницијативи.

Младите се двигател на сите промени, а ние целиме кон создавање на лидери.

Затоа на 15 октомври да гласаме за промени, за подобар живот за сите во Ѓорче, да создадеме подобра иднина за сите“, изјави Александар Наумоски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ