(ВИДЕО) Наумоски: Гласајте за модерна општина и живот за сите

Од:

„Oвде сме да ја направиме Ѓорче Петров отворена и достапна општина за сите жители, но и да се посветам целосно на развојот во инфраструктурата, локалната економија и спортот со акцент на искористување на млaадите и нивните идеи за модерно Ѓорче.

Заедно со градот Скопје ја спроведуваме гасификацијата низ целата општина, обезбедуваме топли домови за секој граѓанин и го намалуваме загадувањето. Градиме нова амбуланта во Дексион, секој заслужува квалитетна здравстевна услуга. Родителите и децата добиваат две нови градинки, едната во Дексион другата во Волково, нема повеќе листи на чекање, секое дете ќе биде соодветно згрижено. Ги реновираме училиштата, вложуваме во учениците, вложуваме во младите. Секое населено место добива канализациска и водоводна мрежа, вистинско време е да го напуштиме минатиот век.

Градиме базен, го враќаме „Корзото“, вложуваме во спортот.

Знам дека Ѓорче можe да стане атрактивна општина за живеење и да има живот за сите, затоа на 15 Октомври излезете во што поголем број и гласајте за бројот 19, гласајте за живот за младите во Ѓорче Петров, гласајте за живот за сите, гласајте за подобра иднина на нашите деца“, изјави Александар Наумоски, кандидат за градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ