ВИДЕО: Провокатори го нападнаа и поранешниот градоначалник на Сопиште Љупчо Мицковски – Кец

Од:

Продолжува кампањата за застрашување новинари и членови на СДСМ со исценирани напади на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ. Екс градоначалникот на Општина Сопиште од редовите на СДСМ, Љупчо Мицковски – Кец беше вербално нападнат по идентично сценарио во кое главната улога ја имаат млади поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ кои имаат задача да ја прашаат жртвата дали му е срам за она што го прави како и да го обвинат за предавник.

-Вие сте предавник нели ви е срам ова што го правите. Ве прашувам каков човек сте вие. Вие сте предавник, нели ви е срам за ова што ни го правите во нашата држава. Голем предавник сте. Немате грижа на совест за иднината на вашите деца, му се обрати на Мицковски помлада девојка чиј идентитет засега е непознат.

Видеото е снимано и поставено од провокаторите кои извршуваат партиски наредби на ВМРО-ДПМНЕ.

На ист начин досега беа нападнати новинарот на НОВА, Борјан Јовановски, новинарот Бранко Тричковски, професорот Љубомир Фрчковски и Владимир Милчин, а двајца од А1он беа физички нападнати. Нападите почнаа по говорот на Никола Груевски кој побара тие што го поддржуваат да не седат дома пред телевизор.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски