Заменикот министер за труд и социјална политика, наместо да понесе одговорност и да поднесе оставка, во претходно снимено интервју на ТВ НОВА се прикажа како жртва на опозицијата и полицијата. Секако во интервјуто немаше многу прашања и одговори-од тоа зошто го возел службениот џип надвор од работното време, зошто тој не пријавил во полиција дека е во опасност, зошто друг се претставил дека го возел џипот наместо него два часа по настанот и најбитно, кога планира да си поднесе оставка?
Тој кажа дека го следеле криминалци, тропале по совозачките врати и се обидувале да ги отворат, што се разликува од верзијата на полицијата и од тие за кои Спасов тврдеше дека го бркале.
-Се обидов да бегам и да им избегам на напаѓачите. Бидејќи бев бркан следен од непознати лица продолжив да возам и зад Катастарот застанав. Таму излегов, забележав две возила како се паркираат од каде излегоа лица со оружје и лица кои ме нападнаа на две раскрсници. Се обидов да разговарам со луѓето со оружје во рака, наеднаш беше примената сила врз мене, беше вперено огнено оружје во мене. Со ништо не сум заслужил таков однос, да биде вперен пиштол во мене. Неколку моменти подоцна дојде полиција и напаѓачот со пиштолот се повлече. Многу лица дојдоа, и ако бев следен и ако два пати се обидоа физички да ме нападнат, заклучив дека се работи криминално-полициска конструкција, за местенка да го нарушат мојот углед и опасност имаше за мојот живот и затоа морав да го напуштам местото, рече Спасов.
Тој кажа дека не осетил дека имало удар со возилото кое го следело. Водителката секако испушти да го праша зошто воопшто во вечерните часови и надвор од работното време го возел службениот џип на Агенцијата за вработување заедно со девојка која не е вработена во Министерството.
Го користев врз основа на договор со Агенцијата, техничката министерка ременски ми нема обезбедено никакви услови за работа, таа не се потруди ниту канцеларија ниту службено возило да ми даде, рече тој.
На крајот Диме Спасов рече:
Со лаги, со манипулации со смислени конструкции дејствуваат како и сега со криминално-полициска местенка во петек вечерта за да се наштети на мојот интегритет. Ова е голема злоупотреба на моќта на МВР. Ова нема да ме скрши и не смее да дозволам со едно црно сценарио како во времето на УДБА преку невистини да се наштети на една личност. Јас и понатаму ќе продолжам да работам во името на граѓаните, рече Спасов.