СДСМ: Спасов продолжува да се брука, без трошка срам и каење

Од:

„Диме Спасов е огромен срам и невидено безобразие што и се случува на Македонија. По скандалот што го направи, четири дена го немаше никаде, а денеска се појави на скандалозно интервју на кое покажа се што научил од шефовите Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Од Центарот за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ го спремиле и го наместиле пред камерите на телевизијата на партнерот на Груевски, за да го раскаже филмот кој му го смислиле. Но, освен приказните за мали деца дека бил бркан, уплашен и наместен, од штабот не успеале да смислат одговор на ниту едно од клучните прашања:

1. Што правел Диме Спасов во 23 часот со службено возило на Агенцијата за вработување?

2. Дали бил во алкохолизирана состојба?

3. Зошто се обиде да излаже дека не возел?

4. Зошто го испрати својот шофер да лаже дека тој, а не Диме Спасов го возел возилото?

5. Дали имал сопатничка во возилото и во кое својство била таа таму?

6. Зошто се криеше од јавноста и зошто не оди на работа?

Наместо да се извини за своето неодговорно и непресметливо однесување, Спасов, без тронка срам, реши најбезобразно да ја лаже целата јавност со евтини „финти“ и филмови.

Откако истата вечер после лумпувањето Спасов реагираше на информациите на медиумите и единствен проблем му беше дека не направил тешка туку лесна сообраќајка, од ВМРО-ДПМНЕ конечно го довршиле сценариото за акциониот филм во кој Спасов од непресметлив бегалец стана жртва на светски заговор против неговата наводна чест и углед.

Наместо да одговара прекршочно и да плати казна за сударите, Спасов реши да бега од полицијата и да мести друг лажно да сведочи дека возел, а сега и лажно пријавува филмови кои не се случиле, и си навлекува кривична одговорност.

Но, Спасов не е ништо повеќе туку само само обична слика на неговите надредени.

Граѓаните слушнаа како обвинетиот Груевски и даваше инструкции на осомничената Јанкулоска како да го сокријат убиството на Мартин Нешковски на партиската прослава и да ја лажат јавноста, па Спасов мисли дека и тој може да се извлече за својот лумперај.

Се извинил или не, поднел оставка или не, Спасов ќе одговара за тоа што го направи! А на 11 декември ќе одговараат пред граѓаните и неговите шефови Никола Груевски и Сашо Мијалков“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он