(ВИДЕО) Наместо да ги креваат велосипедите во раце, во Струмица побараа велосипедска патека

Од:

Група струмичани, за кои од СДСМ посочија дека се од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција ja побараа велосипедската патека која им ја ветил Заев, иако премиерот пред извесно време на скопјани им порача да ги носат велосипедите во раце онаму каде што нема патека.

– Го прашуваме Заев за еден проект кој тој ни го вети, изградба на велосипедска патека од Струмица преку Куклиш до Габрово, побара групата струмичани. Според нив, со тоа граѓаните биле изложени на опасност затоа што биле приморани да возат по регионалниот пат.

Од општина Струмица реагираа дека за реализација на конкретната велосипедска патека Советот на општината има издвоено буџетски средства.

– Очекувајќи ја финализацијата на иницијативата, ќе значи искористување на издвоените буџетски средства и имплементација на целиот проект преку кој општина Струмица се јавува во улога на кофинансиер.

Прашањето за обезбедување на сигурност за движење на граѓаните по регионалниот пат кој води низ Куклиш е во надлежност на државата, а по кое прашање општината за жал, во потполност се согласува дека не постојат никакви услови затоа, велат од општината.

Скопје пак, имаше велосипедска патека, а сега веќе ја нема поради проектот Скопје 2014. Премиерот Никола Груевски препорача дека велосипедистите можат и да ги кренат во раце велосипедите во оние делови од патеката на кејот која не може да се користи неколку години поради изградба на проектот „Скопје 2014“.

– Кревањето на точакот не е лошо и пренесување на другиот дел на патеката ќе помогне на другите делови, рече Груевски во емисијата „Јади бурек“.

Би можело да ве интересира

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите

Струмичанец е приведен поради серија измами, полицијата кај него пронајде голема сума пари

Горан Наумовски