ВИДЕО: Најмногу од заразените и починатите во минатите две недели се лица над 60 години

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција ја презентираше статистиката за Ковид-19 во земјава и регионот.

Тој сподели и информации и анализи од Институтот за јавно здравје за последните две недели.

„Од последниот извештај од 20 до 28 јуни, споредено со претходната недела, регистрирани се 303 помалку нови случаи, 8 помалку смртни случаи, 216 повеќе оздравени пациенти.

Изминатата недела има 860, што е значајно помалку од 1000 случаи во просек во минатите три недели“, рече Филипче.

Тој појасни дека Р-нула факторот на преносливост во изминатите 10 дена, само два до три дена бил над 1,1, а целиот останат перод бил околу 0,9.

„Најзастапени се возрасните лица над 60 години со 26 проценти. 44 проценти од нив биле лица со претходни хронични заболувања. Апелирам возрасните и хронично болните да бидат исклучително внимателни. Смртноста во оваа група е и највисока“, рече Филипче.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, кое е најголемо жариште на вирусот.

Тој го истакна растот на новите случаи на Ковид-19 во земјите од регионот.

„СЗО извести дека 60 проценти од случаите, од 10 милиони пациенти ширум светот се регистрирани во месец јуни. Тоа значи секаде има нов бран, а кај нас дојде нешто порано. Состојбата во светот исто така предвидува дека вирусот во текот на летото ќе исчезне не се остварија. Светската статистика говори дека има пикови на новозаразени и починати, вирусот е тука и ќе остане подолго време, а ние треба да бидеме подготвени“, рече министерот Филипче.

Тој додаде дека граѓаните мора да прифатат дека ваквата реалност ќе трае подолго од она што сите земји во светот го очекуваа.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме