Нема потреба од уставни промени за да може да се востанови институцијата специјален јавен обвинител, потребенен е и специјален суд рече професорката Мирјана Најчевска на денешната дебата „Каков специјален јавен обвинител и е потребен на Република Македонија?“ во организација на Фондација Отворено општество – Македонија.
Кога почнаа да е зборува за специјален обвинител, експерти излегоа со ставови дека самото спомнување на ваков вид нова институција е спротивно на она што е дадено во Уставот, дека може да има последици и да биде адресирано секое решение пред Уставниот суд и да биде девалвирано со одука на Уставнипт суд со тоа што би прогласила неуставност.
– Јас сум од ескеприте што смета дека не се потребни уставни промени за да може да се смести овој нов институт во рамките на сегашните правни решенија. Доколку се земе предвид дека јавниот обвинител е заштитиник на граѓаните, а не е заштитиник на државата, што го кажува и во заклетвата, тој не вели ќе ја штитам државата, или државните органи, туку вели „Ќе ги штитам слободите, правата на граѓанинот“.
Второ, многумина зборуваат дека е тоа единствена институција дефинирана во Уставот и од таму носат заклучок дека било какво внесување на специјален обвинител во законот би го нарушило тоа единство. Не случајно републичкиот јавен обвинител се именува од Собранието, одговорен е пред Собранието, поднесува извештај на Собранието, тоа значи дека јавниот обвинител е орган на граѓаните и автоматски тоа значи дека сета понатамошна структра на обвинителството не го негира овој елемент на пренесена надлежност на граѓаните. Тоа значи ако граѓаните дале надлежност на еден јавен обвинител, ништо не ги спречува да дадат надлежност на уште еден јавен обвинител, во рамките на истиот систем, рече Најчевска
Според Најческа, мандатот треба да дојде од граѓаните, преку нивните претставници во собранието, а потребно е да се формира и специјален суд.
-Структурата на специјалниот јавен обвинител и специјалниот суд за кој јас се залагам, треба да наликува на меѓународните структури, на пример, на меѓународниот кривичен суд. Овој специјален јавен обвинител и специјалниот суд треба да се занимаваат со проблеми на кршење на човекови права и со енказност- прекршувањето што го имаат направено моќници кои ги имаат сите ресурси. Тоа е она со што треба да е бори овој јавен обвинител. Кој и да биде тој и кој да биде во тимот не смеат на никаков начин да биде доведен во врска со кој било од случаите кои се спомнуваат во материјалите, рече Начевска
Според неа мора да се заврши работата на специјалниот обвинител без временско ограничивање,
-Не смее криминалот да се испалти, само со такви решенија може да ги градиме демократските институции, рече професорката Најчевска.