ВИДЕО: Над 2.000 граѓани на улиците во Охрид

Од:

Над 2000 граѓани вечерва во Охрид протестираа на протестите кои опозицијата ги организира ширум земјава под слоганот „Отпор“, јави порталот „Охрид1“.

Собирањето започна кај плоштадот Стар Чинар, од каде во долга колна низ старата чаршија и булеварот Туристичка демонстрантите тргнаа кон седиштето на СДСМ – колоната се протегаше во должина од половина километар.

Помал инцидент настана кога граѓани со возило навлегоа во колоната, по што дел од луѓето кои протестираа реагираа на тоа и се обидоа возилото да го сопрат, па интервенира полициајта која му наложи на возачот да застане и да чека протестот да заврши, информира „Охрид1“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ