(ВИДЕО) Нацев: Време е Оливер Спасовски да си даде оставка

Од:

„Потпретседателот на СДС и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја потценува и навредува јавноста исто како неговиот лидер Зоран Заев.

Сите граѓани вчера видоа дека не се работи само за неспособност, туку за обид да се заштити криминалот.

После шест дена, Оливер Спасовски излезе со информација дека убиец на Мартин Јанушев бил еден човек.

Да! Точно! Еден човек најбрутално го ликвидираше младиот фудбалер Јанушев и го зави неговото семејство во црно. Тоа го знае целата јавност. Тоа го видоа десетици очевидци и на граѓаните не им требаше Спасовски за да им го соопшти тоа.

Проблемот е што тој еден човек не е уапсен! Проблемот е тоа што 30 минути после грозоморната јавна егзекуција на Јанушев сите знаеја кој е сторителот, а полицијата не презеде ништо. Проблемот е во тоа што убиецот и неговите помагачи сеуште се на слобода.

Оливер Спасовски најмалку што можеше вчера е да каже каде е убиецот во моментов и зошто не е уапсен? Дали е во земјава или избегал надвор? Како избегал и кој му помогнал?

Вчерашниот настан во МВР беше само доказ дека информациите во јавноста за блискост на убиецот и неговото криминално окружување со врвот на СДС се точни. Тоа е единственото образложение зошто тој сеуште е на слобода и зошто по него нема потерница.

Што добија граѓаните по вчерашниот брифинг во МВР? Апсолутно ништо! Ништо што би им покажало дека може да се чувствуваат безбедни.

Младиот Јанушев во петокот беше брутално ликвидирано пред кафуле, на улица, пред очевидци и минувачи, а никој не понесува одговорност. Убиецот се шета на слобода, исто како и тие што му помагаат.

Граѓаните се прашуваат што може нив да ги снајде кога ваков третман добива семејство на убиеното момче чиј брат и татко се вработени во МВР.

Граѓаните ги следат информациите дека советник на премиерот Заев беше цел на вооружен напад. МВР го нема расчистено ни тој напад и се кријат мотивите и идентитетот на напаѓачите. Се крие дали истиот е поврзан со ликвидацијата на Јанушев.

Криминалните структури со кои власта е во цврст пакт, ликвидираа младо момче и сега некој се обидува овој скандал да го потисне и правно и медиумски.

Со доаѓањето на власт на СДС, мафијата си доби своја држава. Граѓаните со сопствените животи и безбедноста на своите блиски ја плаќаат цената на шест месечното криминално владеење на СДС. Криминалот и крвавите пресметки се вратија на улиците, а полицијата стана соучесник.

Време е Оливер Спасовски да си даде оставка“, изјави Александар Нацев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски

МВР: Петмина гласачи си ги фотографирале гласачките ливчиња

Горан Наумовски

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес