(ВИДЕО) Нацев: Додека војниците и старешните се оставени без греење, Шекеринска снима спотови

Од:

„Кога ви е поважно да одвоите цел ден за да се клатите пред камера во украден видео спот, а не ве интересираат условите во кои работи Армијата на Република Македонија, јасно е дека војската ќе ја плати цената.

Кога ви е приоритет да одговарате на прашања од типот „благо без кое не може да живеете?”, јасно е дека војниците ќе мрзнат“, рече Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Овие греалки се сликата за условите во кои работат припадниците на Армијата во 21 век. Ова не се НАТО стандарди.

Во касарната „Илинден“ веќе неколку дена војниците и старешните се оставени без греење.

Војниците се насочуваат да земаат слободни денови, за да има помалку луѓе во работните простории. Целта е да се исклучуваат некои грејни тела, бидејќи ако секаде се вклучат грејни тела во павилјоните, паѓаат и избиваат осигурувачи.

На војниците им се наредува да се собираат во една просторија, каде што групно ќе се греат на греалици, кои им било кажано да ги донесат од дома.

Дополнително, војниците дури и потценувачки се охрабруваат да издржат уште неколку дена без парно, бидејќи ќе се затоплело времето, па немало да биде толку ладно!

До кога со декларативни заложби и лажна загриженост за војската? До кога војниците ќе ги трпат на свој грб незаинтересираноста и неефикасноста на тимот на Шекеринска, кој е составен од партиски послушници, а не од професионалци кои ја сакаат Армијата и кои сакаат да придонесат за нејзино оптимално функционирање?

После 12-ти април следува обнова на Македонија, а обезбедувањето на соодветни финансиски и материјални услови за припадниците на Армијата ќе стане приоритет“, изјави Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ