(ВИДЕО) Нацев: Убиецот е на слобода и после тринаесетиот ден од свирепото убиство на Мартин Јанушев

Од:

„Република Македонија стана школски пример дека мафијата си има своја држава.

Поминува тринаесеттиот ден од свирепото убиство на Мартин Јанушев, а власта го крие и штити убиецот. Убиецот е на слобода, а неговото име не смее да се изговори во јавноста.

Откако СДС е на власт мафијата владее. Скопје стана арена на мафијашки пресметки каде единствено важи законот на оружјето. Граѓаните се соочуваат со рекет, владее криминалното подземје, се убиваат млади луѓе, а Оливер Спасовски ништо не превзема во врска со тоа.

Спасовски молчи и бега од одговорност. Спасовски со ова намерно одолговлекување на истрагата станува директен учесник во сите криминални дејствија.

Криминално мафијашката тајфа која што е на власт на чело со Зоран Заев ја узурпираа државата и ги држи под контрола институциите. СДС и Оливер Спасовски станаа пример како мафијата се инфилтрира во полицијата.

Граѓаните со право се плашат за својата безбедноста и безбедноста на своите деца. МВР наместо да ги штити интересите на граѓаните, штити убијци и дозволува слободно да се шетаат по улиците. Според гласините кои кружат во медиумите убиецот е близок до власта и еден од првите луѓе на агенцијата за обезбедување „Омерта секјурити“ која важи за блиска до Вице Заев, брат на Зоран Заев.

Владата на СДС и Зоран Заев на граѓаните им донесоа само мрачни сценарија. Со оваа власт нормалното стана ненормално, а ненормалното многу нормално.

Нема да дозволиме политичка мафија СДС, целосно да го легализира насилството, криминалот, рекетот и убиствата во Македонија и бараме од Оливер Спасовски ако има барем грам морал и доблест во себе, веднаш да си поднесе оставка и да ја препушти функцијата на некој што не би бил во коалиција со криминалот“, изјави Александар Нацев.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски