(ВИДЕО) Нацев: Политиката не смее да се меша во работата на судиите

Од:

„Судот не смее да има двојни аршини. Правдата мора да биде еднаква за сите. Политиката не смее да се меша во работата на судиите.

Вчера, одново започна судењето за случајот „Монструм“ во кој на најбрутален начин кај Смилковското езеро беа ликвидирани 4 млади момчиња и еден возрасен човек. Јавното обвинителство не се откажа од обвинителниот акт и кривичното дело „тероризам“ кое што согласно доказите им се става на товар на обвинетите. Тие и понатаму се гонат за тероризам, но органите на прогонот во овој случај не гледаат проблем во фактот што лица кои се обвинети за тероризам се бранат од слобода. Органите на прогонот не гледаат причина за изрекување на мерка притвор и покрај фактот што двајцата првообвинети во предметот Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сеуште се во бегство“, изјави Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Обвинетите за грозоморното убиство кај Смилковското езеро ја имаат целосната доверба на судот дека нема да избегаат, да го повторат делото или да влијаат на каков било начин.

Двојните аршини во судските процеси во Република Македонија се очигледни. Ова не е правда, туку неправда.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, најави повторното судење од почеток за „Монструм” како дел од договорот помеѓу ДУИ и СДСМ, односно „Тиранската платформа”. Судот ја повтори истрагата и ги ослободи од притвор обвинетите.

Колку е ова политика, а колку правда е повеќе од јасно. Членот 98 од Уставот на Република Македонија, јасно вели: Судската власт ја вршат судовите. Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Во овој случај прекршен е член 98 од Уставот на Република Македонија.

Судот не смее да работи со двојни аршини. Законот мора да биде еднаков за сите“, рече Александар Нацев.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче