(ВИДЕО) Нацев: Нечовечно е Заев да си поигрува со чувствата на граѓаните и семејствата на убиените деца кај Смилковско езеро

Од:

„Крајно нечовечки и лицемерно е Зоран Заев да ужива во релаксирана атмосфера со косовскиот премиер Рамуш Харадинај, и да не го покрене прашањето за екстрадиција на двајцата прво осомничени во случајот за убиството кај Смилковско езеро, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

Демири и Исмаиловиќ, се обвинети за петкратното убиство кај Смилковското езеро на Велики четврток пред 6 години. Тие беа во бегство на косовска територија. Истите беа правосилно осудени на доживотна казна затвор и се чекаше нивна екстрадиција од Косово.

Минатата година ова време косовските власти одлучија да ги ослободат од притвор и да не ги екстрадираат во Македонија.

Барањето за затворање на случаите за убиството кај Смилковско езеро, Сопот и терористичкиот напад во Куманово се дел од Тиранската платформа, која беше услов за коалицијата на СДСМ со ДУИ и другите албански партии.

Зоран Заев ја исполнува Тиранската платформа. Случајот за петкратното убиство кај Смилковското езеро, откако беше вратен на повторно судење, а убијците ослободени, неосновано се одложува, иако како што велат родителите на убиените, постојат докази и тие посочуваат дека сторителите се токму оние кои се обвинети“, изјави Александар Нацев, ВМРО-ДПМНЕ.

„Родителите на убиените кажаа дека лично Зоран Заев им покажувал транскрипти од разговори помеѓу Невзет Бејта и еден од првообвинетите, Фејзи Азири, кои упатуваат на фактот дека обвинетите се и сторители на делото. Заев исто така им кажал и дека петте броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со обвинетите се високи функционери на ДУИ.

Со склучувањето на владината коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ, Заев молчи и бега од одговори. Кого штити Зоран Заев? Каква е поврзаноста на функционери од ДУИ со убијците кај Смилковско езеро?

Зоран Заев кој го искористува случајот со убиството за морбидна изборна манипулација со граѓаните бега од одговори. Пред избори ги лажеше родителите на убиените, но и целата македонска јавност, дека сите ќе ја дознаат вистината за Смилковско езеро. Сега Заев ја крие вистината. Зоран Заев безобразно лажел и си поигрувал со судбината на семејствата на убиените. Зоран Заев едно им ветувал на егзекуторите, друго на жртвите.

Заев си поигра со чувствата на граѓаните и семејствата на убиените. Заев не смее да бега, и е должен да им каже на правосудните органи тоа што им го кажал на родителите на убиените пред избори. СЈО треба да почне да го применува правото и да го повика Заев да сведочи.

Овие изживувања мора да запрат. Граѓаните очекуваат правда и правна држава. Тоа со СДСМ на власт е невозможно. Оваа ненародна власт треба што поскоро да си замине“, рече Александар Нацев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителот Коцевски да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

СДСМ не може да најде кандидат за градоначалник на Скопје, тврди ВМРО-ДПМНЕ