(ВИДЕО) Нацев: МВР под водство на Оливер Спасовски целосно потфрли

Од:

„Постои ли Министерство за внатрешни работи и полиција на улиците на Скопје или целиот безбедносен систем е впрегнат во партиската машинерија на СДС за да ги заплашува и дисциплинира политичките противници, помагајќи на разни Омерти да ги полнат партиските каси со изнуди и рекет.

МВР под водство на Оливер Спасовски целосно потфрли.

Наместо превентивно делување, секој викенд се бројат жртвите на криминално-мафијашките пресметки.

Оливер Спасовски со неговиот послушник во Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски, а по налог на Заев ги оставија нарко-рекетарските банди да дивеат со месеци и не отворија ниту една оперативна обработка.

Со месеци Оливер Спасовски и Лазе Велковски замижуваа кога се палеа и кога се пукаше во возила. Замижуваа кога се демолираа локали и кога се рекетираа сопствениците. Ги немаше на улиците кога нарко-бандите го преплавија Скопје со дрога.

Со своето неделување тие им дадоа ветар во грб и поддршка на криминалците кои добија толкава моќ што веќе не размислуваат дали да посегнат по оружје и да пукаат пред очите на недолжни минувачи.

Сега цехот за ваквиот брак на СДС со криминалот го плаќаат граѓаните. Сите се вознемирени и кога доаѓа викенд се плашат да излезат на улиците.

Овој петок исто така бевме сведоци на една ладнокрвна ликвидација.

Во Чаир на улица беше убиено едно лице, а уште едно беше рането. Јавноста и очевидци говорат дека напаѓачите излегле од Фиат Пунто и ладнокрвно си ја завршиле работата. Биле двајца во возилото. Јавноста е вознемирена и зборува, а МВР молчи.

Од ваквиот однос единствено профитираат криминалците.

Уште еден убиец и неговите помагачи се на слобода. Исто како и во случајот со ладнокрвната егзекуција на младиот фудбалер Јанушев. Убиецот и помагачите избегаа, а некој се потруди да успеат во тоа. Заедничко за сите случаи е дека МВР нема ниту еден приведен.

Убијците во власта на СДС имаат доверлив партнер.

Уште колку човечки животи треба да згаснат за Оливер Спасовски да сфати дека е неспособен да го води МВР. Уште колку крвави пресметки треба да се случат за Оливер Спасовски и СДС да престанат да ги штитат криминалните банди кои дивеат низ Скопје и државата.

Скопје полека, но сигурно станува еден од најнебезбедните градови во Европа благодарение на Оливер Спасовски и неговите пријатели од криминалното подземје.

Оливер Спасовски за нарушената безбедносна состојба, да си поднесе оставка и да дозволи професионалците во МВР да работат на сузбивање на овие криминално мафијашки групи. Истото треба да го стори и неговиот шеф на полиција Лазе Велковски. Само така ќе се тргне ембаргото за дејствување против криминалните банди и ќе се вратат мирот и безбедноста во Македонија“, изјави Александар Нацев.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он