(ВИДЕО) На нас ни се смачува што сме ВМРО

Од:

СДСМ презентираше снимки за кои посочи дека се помеѓу Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, како и Гордана Јанкулоска со Зоран Ставрески.

Разговор меѓу Миле Јанакиески со Кирил Божиновски

МЈ: А што во Центар се’ повлекуваме а?
КБ: Па се’ брат, не знам со овие што се од провинција се мислам што да праиме. Ама и тие биле пишани на повеќе. Знаеш? Да се вклучиш млаце ти таму со Зоки и со Кире ама дефинитивно вака да испиташ дали е ок?
МЈ: Ама Кире тоа е направено човече, на една една адреса десет….
КБ: Не не не. Дали, ако е иста ситуацијата и со тие од провинција од Македонија, разбираш, да се набутани повеќе, тогаш е пак истиот ризик. Знаеш. Прееска ја го зборев и со овој што бевме кај тебе. Ако евентуално кај нив е полабаво тогаш да идеме барем со тие. Ме разбираш? Тие се 135. А ова другово се се канцелира, пошто ќе си направиме многу поголем проблем, знаеш.
МЈ: Многу е аматерски направено ама ај сега нема везе. Ај…
КБ: Аматерски е дефинитивно, разбираш? Аматерски е дефинитивно, требало да ги разглобат. Мислам тука има кривица и општинскиов. Пошто три месеци се работи а не дал ниедна адреса, он у суштина да дал триста адреси.
МЈ: Кире мене никој не ми кажал, оти мене не ми кажавте бе брат? Оти мене не ми кажавте?
КБ: Од кај да знам бе брат? Мене со општинскиве Спире ми тераше. Кире ми тераше, преку Горде со овој официјалниов дел, знаеш. У суштина требал да најде само триста фамилии. И тоа ти се по четири луѓе. Ме разбираш? Ништо. Овој не дал ниедна. И затоа се отишло на ова другово. Шо да ти кажам сега.
МЈ: Ајде.
КБ: Ајде.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: …Ко да еден саат ако одвои Коце не знам што ќе стане
ГЈ: Ама и колку врати бе ќе помине Коце у еден саат и Коце не го знаат мислам…
ЗС: Абе шо се се праи за ова Центар да ти се смачи, мислам стварно на нас ни се смачува од…шо сме од ВМРО
ГЈ: Знаеш еве вчера со Кире од кај мене зборам шо ми е шеф на кабинет, он у Центар живее тука и за оваа другава работа нешо збориме, вика да ви кажам вика да не е… пошо на него му дадов некои работи таму да ги брка да сум сигурна дека законски сме покриени, вика да не е вика за вас и да не е за партија, вика немате поима колку ми се гади од целава работа.
ЗС: Па сигурно… све е Охрид и ова.
ЈГ: За Охрид да не праиме муабет мислам Охрид.
ЗС: Ние као да сме.. ај ќе ти кажувам вчера тоа почнав да зборам…
ГЈ: Го замолив Цветко овој човеков шо сака да го купи станов наш…

Разговор помеѓу Зоран Ставрески и Гордана Јанкуловска

ГЈ: Ало!
ЗС: Види, мене не ми се допаѓа тоа нашето, искрено да кажам.
ГЈ: Мене ич.
ЗС:Јас сум против тоа и не ми се допаѓа. Јас не сакам воопшто такви работи и…
ГЈ: Посебно што и нема некој јак ефект. Ама и да има, не е во ред.
ЗС: Не, не, не одобрувам такви работи.
ГЈ: Исто и ја. Ја, мислам, знаеш, ја кажав тогаш шо кажав и посебно шо тоа е официјален податок, знаеш. Не е некој таен податок.
ЗС: Не можеш да го направиш да не биде официјален. Тоа е.
ГЈ: Се гледа тоа. Со точно име, презиме, адреса, сé. Значи, не може да не се гледа.
ЗС: И после Цацко ќе ни е крив. Ќе излезе по извештаи, сите ќе го пишат.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: Не се зафркавај, мислам, колкав и да е влогот, не можам да ја оправдам постапката.
ГЈ: Абе, ја тогаш нели зборев…
ЗС: Ако до таму е дојдено, дај да ја изгубиме таа работа и да се тргнеме, шо.
ГЈ: Епа сега. Да де, да. Јасно ти е.
ЗС: Има граници до кај некои работи треба да се постават.
ГЈ: Јасно ти е.
ЗС: Така да, затоа не ти одговарам со порака, не можам пораки за ова, меѓутоа сакав и да ти кажам, уште претходно кога го видов и го слушав и по весници и по ова, по она. Читам и си викам, што е ова, зошто вака.
ГЈ: Абе, не сме напраиле муабет, многу глупости.
ЗС: Да. Ајде, ќе збориме вечер.
ГЈ: Ај ќе збориме.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски