ВИДЕО: На конференцијата во Минхен, Заев и владината делегација остварија повеќе билатералните средби

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во придружба на Заменичката на претседателот и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров, советникот за безбедност Верушевски и пратеникот Адеми денеска ги продолжи своите работни активности на Минхенската конференција за безбедност со серија билатерални средби.

Премиерот Заев и делегацијата претпладнето имаа средба со американскиот сенатор Џејмс Риш, кој воедно е и Претседавач со Комитетот за надворешни работи во Сенатот на Соединетите Американски Држави.

Сенаторот Риш на средбата на премиерот Заев и на членовите на делегацијата на нашата земја им ги пренесе честитките во негово име, во име на Комитетот за надворешни работи во Сенатот на Соединетите Американски Држави, и во име на американскиот народ за успешно завршениот процес за решавање на спорот со Грција, кој беше предуслов и историски исчекор за отворање на процесот на ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО, како стратешка аспирација на Република Северна Македонија.

Претседателот на Владата на средбата ја истакна определбата на нашата земја за негување и зацврстување на стратешкото пријателство со САД, сега и наскоро како две рамноправни членки на НАТО.

На средбата беше потврдено дека Република Северна Македонија останува посветена на својот постојан придонес за безбедноста во регионот како едно од клучните прашања за развојот на земјата и на сите земји членки на Западен Балкан.

Претседателот на Владата на РСМ Заев на Минхенската конференција за безбедност оствари средба и со Алан Данкан, министер за Европа во Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

На средбата беше нагласено дека Велика Британија останува и понатаму искрен пријател и поддржувач на политиките на Република Северна Македонија, која беше потврдена и со посетата на премиерката Тереза Меј на нашата земја во клучен период на успешното затворање на преговорите со Грција и на преговорите за нашето членство во НАТО и ЕУ.

Министерот Данкан изрази целосна поддршка во однос на процесот на ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО и изрази уверување дека неговата земја ќе го потпише пристапниот документ за нашата земја многу наскоро.

Премиерот Заев на маргините на активностите на Минхенската конференција за безбедност се сретна и со претставници на угледната меѓународна консултантска компанија Ернст и Јанг, која веќе повеќе години е присутна во нашата земја, и која новите позитивни промени во Република Северна Македонија ги гледа како потенцијал за соработки и за проширување на своето портфолио во земјата.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Раштимана делегација во Минхен, двоглавото претставување е за потсмев

Собранието гласаше возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ да важат до крајот на годината

Предраг Петровиќ

Грчкото МНР ги известува земјите низ светот дека непроменетите македонски пасоши стануваат неважечки

А1он

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов