ВИДЕО: На камери фатено лицето што ги исече дрвата пред „Мавровка“

Од:

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на социјалните мрежи постираше видео од градските камери, на кои се гледа лице во комбе како ги сече дрвата пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Тој ги товари во комбето, кое е паркирано на пешачката зона и си заминува.

Шилегов вели дека лицето е лоцирано и изречена му е казна од 5.000 евра.

„Во ова време (невреме) успеавме (со скромните градски видео можности) да го идентификуваме лицето кое што бесправно ги исече дрвата пред Мавровка. Казната што е изречена изнесува 5.000 евра за сторителот“, напиша Шилегов.

Би можело да ве интересира

Шилегов: Арсовска да поднесе оставка, во мај да има избори и за Скопје

БЕСА ќе го поддржи Шилегов на вториот круг од локалните избори

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Преку мостот на АСНОМ за 70% се крати времето за патување од Ново Лисиче до Мавровка

А1он

Шилегов почна со уривање на првата галија во Вардар, ВМРО-ДПМНЕ го обвинува за предизборен маркетинг

Мери Јордановска

Шилегов: 15 пожарникари и три возила од Скопје ќе помагаат да се гасне пожарот во Кочани