Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на социјалните мрежи постираше видео од градските камери, на кои се гледа лице во комбе како ги сече дрвата пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје. Тој ги товари во комбето, кое е паркирано на пешачката зона и си заминува.
Шилегов вели дека лицето е лоцирано и изречена му е казна од 5.000 евра.
„Во ова време (невреме) успеавме (со скромните градски видео можности) да го идентификуваме лицето кое што бесправно ги исече дрвата пред Мавровка. Казната што е изречена изнесува 5.000 евра за сторителот“, напиша Шилегов.