ВИДЕО: На „Богородица„ се чека 40, а на „Табановце“ 30 минути

Од:

На граничниот премин Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од земјава е околу 40 минути. На ГП Табановце има зголемена фреквенција на возила за влез во државата, време на чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сосотјбата на граничните премини може да ја видите на овој ЛИНК.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на останатите државни патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути

Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути

Застој на „Табановце“ и на “Богородица“, се чека во огромни колони

Катерина Ѓуровски

На „Табановце“ се чека поради црвеното ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија

Катерина Ѓуровски

Почнаа летните гужви: Се чека на „Табановце“ за влез и на „Богородица“ за излез

За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час