(ВИДЕО) МВР заплени 225 килограми дрога во вредност од половина милион евра

Од:

МВР денеска по претходно спроведена истрага, од правен субјект за производство на канабис за медицински цели во село Сопот, одзеде 225 килограми сув цвет марихуана, 111,1 килограми био маса и 950 семки од канабис.

„По претходно преземени и координирани мерки и активности, како и обезбедени докази дека правното лице постапувало спротивно на одредбите од Законот за контрола на опојни дроги, односно во објектите на правното лице вршело одгледување на растенијата канабис спротивно на законот, по претходно обезбедени наредби од Основен суд Кавадарци, како и по претходно извршена контрола на полициски службеници заедно со претставници од Комисијата за оценување на исполнување на условите во однос на простор, опрема, кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, одземена е марихуана за која се утврдени неправилности во работењето на правното лице.

Притоа, во сеф собата беше пронајден сув цвет од канабис кој не беше спакуван и означен согласно законските прописи, а во останатите простории беше пронајдена сува маса од канабис за која правното лице не доставило известување до Комисијата од Министерството за здравство. Воедно, не била пријавена ни количината на финален сув производ, односно во целиот процес на одгледување се постапувало незаконски, бидејќи иако биле должни да ја известат Комисијата, тоа свесно не го правеле, со цел непријавената произведена марихуана да ја пуштат во продажба на црниот пазар и на тој начин да се стекнат со противправна имотна корист во вкупна вредност од половина милион евра. Одземената дрога е предадена во Агенцијата за одземен имот“, тврдат од МВР.

Би можело да ве интересира

Детали за голема меѓународна полициска акција во Црна Гора: Уапсени девет лица, поднесени кривични пријави против 19

Полициски кучиња нашле дрога и оружје во Велес – уапсени тројца дилери

Му носела дрога на мажот во затворот Идризово – Уапсена 40 годишна скопјанка

Анита Петровска Рајковиќ

МВР демантира дека во возило на МНР управувано од возач вработен во Министерството била пронајдена дрога

А1он

Уапсени тројца малолетници во Велес – фатени во автомобил и со марихуана

Уапсена 19 годишна девојка во Карпош – Апсења и на Бит Пазар ноќеска