(ВИДЕО) МВР: Уапсен е таткото кој и ги врзал рацете на својата 11-годишна ќерка

Од:

Денеска СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч.(57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

На 8.7.2025 во дворното место од куќата на пријавениот во село Ново Село, тој насилно се однесувал кон неговата 11- годишна ќерка, која живеела со пријавениот, кој по разводот со неговата сопруга, односно со мајката на детето, е нејзин старател. Тој насилството го снимил со мобилен телефон.

Веднаш по објавување на видеозаписот на социјалните мрежи, од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземени мерки, откриен е сторителот и тој е повикан во СВР Струмица, каде во службен разговор го признал делото.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на лекар од Медицински центар Струмица е извршен преглед над детето, при што се констатирани телесни повреди во вид на црвенило на двете раце, кај зглобовите. Известен е и Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Струмица, од каде се преземени мерки за понатамошна заштита на детето.

Би можело да ве интересира

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички