(ВИДЕО) Муфтијата Шабани: Имам снимки како реисот пцуе, но не можев да ги најдам

Од:

Скопскиот муфтија, Ибрахим Шабани, кој утринава со своите поддржувачи изврши упад во седиштето на ИВЗ, вели дека реисот Сулејман Реџепи е сменет затоа што не се извинил за навредите кои ги изнел против фамилиите на оџите.

Тој вели дека е спротивна на нормите одлуката за негово разрешување која ја беше донесена во четвртокот минатата недела.

– Снимен е неговиот говор и неговите пцовка кон фамилиите на оџите и моите колеги. Се обидов да донесам видео инсерти, но не можев да ги најдам, но ви кажувам има живи луѓе кои можат сами да посведочат што слушнале и што кажал фамозниот Сулејман Реџепи за нашите фамилии и жени – изјави муфтијата Шабани денеска пред седиштето на ИВЗ опколен од своите следбеници.

Тој посочи дека за изречените навреди, на реисот му бил даден рок од два дена да се извини. Наместо тоа реисот Реџепи свика седница на која ги разреши Шабани и неговиот секретар, Африм Тахири.

Скопскиот муфтија утринава изјави дека Реџепи ги прекршил уставните принципи и нормативните акти на заедницата, поради што е симнат од функцијата на овој начин надвор од процедурите. Како што појасни муфтијата, ИВЗ од денеска ќе биде управувана од привремено раководство предводено од него, се до изборото на новиот реис.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска