(ВИДЕО) Муцунски: Инфраструктурните проекти што ги реализираме во Аеродром се инвестиции од кои бенефит ќе имаат и идните генерации

Од:

Жешките летни денови Општина Аеродром ги користи за инвестициите во инфраструктурата кои во текот на јули продолжуваат со несмалена динамика. Реализираме проекти кои го олеснуваат движењето и ја подигнуваат безбедноста во сообраќајот во Аеродром. Со реализација на овој проект аеродромци добиваат уште една целосно реконструирана улица, а граѓаните на населба Лисиче сообраќајница која ќе ја подобри поврзаноста на населбата. Реконструкцијата на „Мите Богоевски“ опфаќа поставување на нов асфалт и целосна обнова на тротоарите во должина од 1245 метри, како и поставување хоризонтална и вертикална сигнализација. Станува збор за проект кој го реализира Општина Аеродром, со средства од Светска Банка, добиени преку Министерството за транспорт и врски информира градоначалникот Тимчо Муцунски.

Градоначалникот Муцунски објавувајќи го видеото на својата Фејсбук страна потенцираше дека посебно се радува за инфраструктурните инвестиции и на нивната реализација вработените во Општина Аеродром секогаш пристапуваат со многу енергија затоа што тоа се инвестиции кои значат многу за граѓаните, но и проекти од кои бенефит ќе имаат и идните генерации.

Новите инфраструктурни проекти ги решаваат најважните проблеми и предизвици на граѓаните. Новите улици и паркови, како и завршување на низа важни проекти на повеќе локации во општината говорат за посветена и одговорна работа и успешно завршениот инфраструктурен циклус вели Муцунски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски во Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

А1он

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски