Тешко санација и целосно пуштање на мостот додека Топлификација не ги тргне цевките – Проблем е да се стаса до средина за да се види комплетно штетата, вели во интервјуто за А1он лидерот на тимот кој врши проценка на штетата на опожарениот мост кај Ист Гејт, проф.др.Михаил Гаревски, директор на институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени.
Неспорно е дека е уништен средишниот дел на мостот кој ги поврзува Ист Гејт и Железничка и тој дел секако мора да се обнови, ова е она што досега се знае за причинетата штета од пожарот. Но, за да се знае дали и каква штета претрпел другиот (поважен) дел ,,сајлите за пренапрегање,, и дали е нарушена стабилноста на мостот, потребна е детална анализа која е во тек .
А1Он доби екслузивна можност да го сними мостот одблизу и да разговара со експертите задолжени за проценка на штетата.
Мостот нема скоро да се пушти во употреба целосно, бидејќи би било несериозно да се стори тоа без буквално сите испитувања и тестирања, но она што може да се направи е да се тргне со санација на она што веќе се знае дека може и треба да се санира, а тоа е средишниот дел, вели Гаревски.
Низ тој дел минуваат цевките на Топлификација – истите тие кои најверојатно се и причина за толку силен пожар – бидејќи се запалила нивната изолација и така пожарот се проширил долж целиот мост.
Во репортажата Гаревски во детали објаснува што е најголемиот проблем и што се прави сега.
Најголем проблем е што од топлината се целосно деформирани челичните шини за платформата со која се стигнувало до средината на мостот. Без таа платформа сега ниту експертите немаат начин како да стасаат до тој дел за поефикасно да ја проценат штетата. А на прв поглед се чини дека таму би можела да биде и најголемата штета, барем по она што експертите можеле да го видат од оваа далечина. Интезивно се бара начин како да се стаса до тој дел на мостот.
Гаревски е сигурен во една работа, дека цевките од топлификација би требало и би морало да се тргнат за ефикасно да се направи увид и тестови, но и за подобра санација на тој дел понатаму.
Во Македонија има стручни лица а и апаратура за комплетната анализа, и веќе се работи на терен. Експертизата ја работи Институтот (ИСОГКО) за сеизмички отпорни градби и климатски пормени предводен од Проф.Михаил Гаревски
Гаревски е дециден е дека евалуацијата на штетата се прави по протокол кој е секаде во светот, и тврди дека Македонија има и лабаратории и експерти за тоа. Дел од тимот за процена на штета е и еден од проектантите на мостот кој учествувал и во негово проектирање но и во текот на изградбата
Екипата на институтот за сеизмички отпорни градби и климатски пормени предводена од Проф.Гаревски е спремна голегите од градежен фкултет да направат ревизија на експертизата, дури ако е потребно инстата може да биде дадена на ревизија во странство како што се центрите за пожари во Лунд и Данска кој проф.Гаревски неодамна ги посетил.
Институтот ИСОГКО е признат и меѓународно и соработува со светски институти.
Целата репортажа и интервју во видеото.