(ВИДЕО) Морачанин: Дискриминацијата по основа на сексуална ориентација да се вметне во Законот за медиуми

Од:

Пратеничката од ДОМ, Маја Морачанин, предлага во Законот за медиуми да биде опфатена и дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родов идентитет. Предлогот, како што образложи таа, доаѓа по примерот на новиот Закон за заштита од дискриминација, но и по бројните случаи на насилство и говор на омраза кон ЛГБТИ-популацијата.

-Говорот на омраза присутен во медиумите често резултираше со насилство врз ЛГБТИ, и мислам дека треба да се внесе сексуалната ориентација и родовиот идентитет во членот 11 од Законот. Се подготвува нов закон за заштита од дискриминација веќе две години и драфт-верзијата беше испратена до Венециската комисија, и токму внесување на овие основи за дискриманција се сметаа за позитивно решение и тоа треба соодветно да се преслика и во овој закон, порача Морачанин.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието